ВДЛ Ван Хоол со одлична реализација до победа во дуелот со А1

ВДЛ Ван Хоол 15-1(8-0) А1

ВДЛ Ван Хоол: Валентино Трајковски 1” 7” 20”, Димче Андов 8” 10” 17” 18” 31” 32” 39”, Даниел Стаменковски 18” 33”, Живе Ѓорѓиевски 28” 40”, Стефан Станојковиќ 29”
А1: Ненад Трајков 25”

Уште од самиот старт екипата на ВДЛ Ван Хоол ја превзеде иницијативата и наметна наметнаа брза и динамична игра. Екипата на А1 со пресинг по целиот терен се обиде да не му дозволи на ВДЛ Ван Хоол отворени шутеви кон голот, но ВДЛ Ван Хоол беше одлично поставен во делот на нападот и на сето тоа беше надополнет со одлична реализација која од минута во минута му овозможи да стекне резултатска предност. Во текот на целото прво полувреме ВДЛ Ван Хоол играше отворен фудбал и во континуитет ја зголемуваше предноста која на полувремето изнесуваше 8-0.
Во второто полувреме екипата на А1 настапи со голман-играч како би можела да ја надохнади негативата со која се здоби во првото полувреме. Ова им појде од рака во самиот старт од полувремето кога преку Трајков 25” успеа да ја намали предноста на ВДЛ Ван Хоол, но екипата на ВДЛ Ван Хоол имаше своја вечер, не дозволи изненадувања па го доби овој натпревар со 15-1