Glass LUX 2-2(2-1) ЕВН
Glass LUX: Мартин Цветковски 16’ Давид Блажевски 13’
ЕВН: Наум Бадаловски 28’ Бојан Tодоровски 9’
Екипите на Glass LUX и ЕВН влегоа во ова прво полувреме со цврста и динамична игра, двете екипи од самиот старт на полувремето започнаа со офанзивна игра. Екипата на Glass LUX вршеше константетн притисок кон голот на ЕВН но имаше слаба завршница што ЕВН го казни на спротивната страна и преку погодокот на Тодоровски успеа да поведе со 0-1. Екипата на Glass LUX продолжи со притисок во предно поле и во 13та минута од полувремето со погодокот на Блажевски успеа да израмни на 1-1. До крајот на полувремето екипата на Glass LUX успеа со одличен погодок на голманот Цветковски да дојде до водство од 2-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со цврста игра на двете страни, се играше на раб на фаул. Кон средината на второто полувреме екипата на ЕВН со погодокот на Бадаловски успеа да го израмни резултатот на 2-2. Како се доближуваше крајот на натпреварот двете екипи го подигаа темпото на игра и иако на двете страни имаше одлични шанси ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па на крајот од натпреварот ги поделија бодовите при резултат од 2-2.