ЕЛЕМ во второто полувреме ја осигура победата над Сава Осигурување

Сава Осигурување 4-7(2-3) ЕЛЕМ

Сава Осигурвање: Косата Глигуровски 7’ 14’ 28’ Данило Поповски 32’
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 2’ 15’ 23’ 33’ Ивица Апостоловски 6’ 38’ Ванчо Петковски 40’

Во првото полувреме од натпреварот помеѓу екипата на Сава Осигурување и ЕЛЕМ се играше цврст фудбал во кој и двете екипи прикажаа добра игра и беше ставен фокус на одбраната. Прва до водство дојде екипата на ЕЛЕМ преку одличниот погодок на Стефановски уште во втората минута од натпреварот. До крајот на полувремето се играше цврст фудбал но сепак екипата на ЕЛЕМ замина со предност од 2-3 на паузата. По првите дваесет одиграни минути екипата на ЕЛЕМ ја покажа својата доминација на теренот и во второто полувреме почна да го зголемува своето водство се до крајот од натпреварот кој го доби со конечен резултат од 4-7.