Искуството на Трифуновски пресудно за победата на Кромберг & Шуберт над LC Waikiki

LC Waikiki 5-11(3-4) Кромберг & Шуберт

LC Waikiki: Енгин Алими 3’ Џемаил Рамадани 2’ Фуркан Фетаи 33’ Адмир Халилович 29’ Eсер Сулејмани 12’
Кромберг & Шуберт: Зоран Талевски 32’ 34’ Тони Вељановски 28’ 38’ Ице Марковски 14’ 37’ Иве Трифуновски 7’ 8’ 17’ Никола Симоновски 31’ 34’

Одлично прво полувреме одиграа екипите на LC Waikiki и Кромберг & Шуберт, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани со офанзивна игра. Екипата на LC Waikiki прва ја превзема иницијативата и со два брзи погодоци успеа да поведе со 2-0, по оваа негатива Кромберг & Шуберт го подигна нивото на игра и успеа да го израмни резултатот на 2-2. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични погодоци и играа израмнет фудбал но Кромберг & Шуберт успеа да реализира за минимална предност од 3-4 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со одлична игра во отворен фудбал екипата на Кромберг & Шуберт успеваше да ја одржува предноста од еден погодок. Во втората половина на второто полувреме екипата на Кромберг & Шуберт успеа целосно да го скрши отпорот на LC Waikiki и од минута во минта го зголемуваше своето водство. Екипата на LC Waikiki се обиде со голман играч резултатски да се врати во натпреварот, но Кромберг & Шуберт не дозволи изненадување и славеше со убедливи 5-11