Лукоил без пораз во регуларниот дел

ЈСП 3-6(2-3) Лукоил

ЈСП: Љупчо Павловиќ 36’ Филип Колеќески 30’ Дарко Петров 29’
Лукоил: Горан Стојанов 12’ 24’ 38’ Петар Лефков 16’ 19’ 40’

Цврст и израмнет натпревар одиграа екипите на ЈСП и Лукоил, екипата на ЈСП имаше одличне почеток на натпреварот со силен притисок кон голот на Лукоил. Екипата на Лукоил успеваше со цврста одбрана и одлични интервенции на голманот да ја сочува својата мрежа, а во 12та минута од полувремето успеа преку Стојанов да искористи грешка во одбраната на ЈСП и да реализира за 0-1. Во остатокот од полувремето екипата на ЈСП продолжи со одлична игра и отворена игра кон голот на Лукоил, но екипата на Лукоил со смирена игра со точни подавања ја чекаше својата шанса што и донесе зголемување на предноста и водство од 0-3. Во второто полувреме екипата на ЈСП заигра доста поофанзивно во нападот и преку контра напади успеа да го изненади Лукоил. Со два гола во низа на Колеќески и Патров успеа да намали на 2-4. Во самиот финиш кај ЈСП проработе и Павловиќ кој намали на само еден гол негатива од 3-4 со што го внесе натпреварот во неизвесна завршница. Но искуството на Лукоил не дозволи целосен пресврт па на само две минути од крајот на натпреварот Стојанов постигна гол со кој ја осигура победата на својата екипа. Лукоил на крајот славеше со 3-6