Македонски Телеком во скратен состав не можеше да парира на Матрикс

Матрикс 9-3(5-2) Македонски Телеком

Матрикс: Никола Христовски 2’ 10’ Дарко Цветковски 13’ Мирко Богески 24’ 27’ Петре Даиловски 12’ 29’ 30’ Симеон Коцески 17’

Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 19’ 26’ Даниел Анчевски 17’

Екипата на Матрикс го искористи хендикепот на екипата на Македонски Телеком која го започна овој натпревар со играч помалку па уште на самиот старт наметна високо темпо на игра која екипата на Телеком во ваков скратен состав не можеше да го прати. Тие уште на самиот старт се стекнаа со висока предност која до крајот на полувремето континуирано ја зголемуваа, екипата на Телеком со две брзи контри успеа да постигне два гола па на полувремето се заминаа со резултат од 5-2 во корист на Матрикс. На старто на второто полувреме екипата на Телеком се обиде со голман играч во фаза на напад да се врати резултатски во игра но екипата на Матрикс не остави простор за игра и го доби овој натпревар со убедливи 9-3.