МЕПСО и Окта во интересен натпревар ги поделија бодовите

МЕПСО 3-3(1-0) Окта

МЕПСО: Зоран Саздовски 35’ Тони Честојнов 8’ Слаѓан Ѓоргиевски 29’
Окта: Живко Котевски 25’ 28’ 39′

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Мепсо и Окта, уште на самиот старт двете екипи се одредија за офанзивен начин на игра се редеа шанси на двете страни. Во таквата офанзивна игра екипата на Мепсо во 8та минута успеа да постигне погодок и да го отвори резултатот. До крајот на полувремето екипата на Окта со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на Мепсо одлично ја постави играта во одбраната и не и остави простор на екипата на Окта па на полувремето се замина со резултатот од 8та минута 1-0. Во второто полувреме на самиот старт екипа на Окта успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот. По ова израмнување и двете екипи го подигнаа темпото на игра и настана вистинска бркотница по теренот, екипите наизменично се менуваа во водството и на крајот се задоволија со поделба на бодовите при резултат од 3-3.