Осврт на дванаесеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките на дванаесетото коло беа одиграни 12 натпревари полни со неизвесност и одлични соло акции

Во првиот натпревар А1 и Гранит ги поделија бодовите
Дванаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на А1 и Гранит, екипата на А1 уште на самиот старт напетна високо темпо на игра створи неколку шанси за гол па успеа да реализира во 10та минута преку Богдановиќ за воство од 1-0. Екипата на Гранит успеа да одговори во 14та минута преку Глигуровски за 1-1. До крајот на полувремето екипата на А1 имаше повеќе од играта што се одрази на резултатот за водство од 3-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Гранит успеа да постигне погодок преку Петров и да дојде до само гол негатива. Овој погодок беше дополнителен мотив да продолжат со агресивна игра што им донесе израмнување во 29та минута. ВО преостанатиот дел од натпреварот и двете екипи имаа прилики да го добијат натпреварот но не успеа па на крајот се задоволија со поделба на одовите на резултат од 3-3.
Стрелци на головите беа:
А1:Јовица Наумовски 16’ 19’ Ненад Богдановиќ 10’
Гранит: Стефан Тевдовски 22’ Николче Глигуровски 14’ 29’

ЈСП и Ван Хоол одиграа реми
Одличен старт за екипата на Ван Хоол во дуелот со ЈСП со погодоците на Саздовски во 3та и петровски во 4та минута. Ова рано водство за Ван Хоол не ја демотивира екипата на ЈСП, која започна со агресивна игра и преку расположениот Фидановски кој со три погодоци успеа да направи целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на Ван Хоол бркаше израмнување што им успеа со голот на Белчовски за 3-3 резултат со кој се змаина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЈСП успеа уште на самиот стат повторно да го превземе водството на 4-3, по ова екипата на Ван Хоол повторно ја превзема улогата на екипа која брка израмнување тие се префрлија пред голот на ЈСП и напаѓаа со жесток притисок што вроди со плод во 29та минута за израмнување на 4-4 резултат со кој заврши натпреварот.
Стрелци на головите беа:
ЈСП: Тихо Фидановски 6’ 9’ 11’ 22’
Ван Хоол: Антонио Птровски 4’ Ненад Саздовски 3’ 29’ Филип Белчовски 16’

Матрикс предводена од Богески до победа над Еуро Табак
Одличен старт за екипата на Матрикс во дуелот против Еуро Табак со погодокот на Богевски во 3та минута. Следуваше одговор од екипата на Еуро Табак во истата минута со погодокот на Ливрински и израмнување на 1-1. Неколку минути подоцна односно во 7та минута екипата на Еуро Табак со голот на Јанковски направи целосен резултатски пресврт од 2-1. По оваа негатива екипата на Матрикс започнаа со поагресивна игра и со погодците на Цветковски во 12та и Богдановски во 17та минута успеаа повторно да го вратат водството на својата екипа 2-3 резултат со кој се замина на паузата. Во вторто полувреме екипата на Еуро Табак фрли се на една карта и тргна во офанзива по израмнување, екипата на Матрикс ја искористи празнината во одбраната на Еуро Табак па преку контра напади успеваше да казни и на крајот да извојува висока победа од 5-10
Стрелци на головите беа:
Еуро Табак: Мартин Ливрински 3’ Дејан Јанковски 7’ 30’ 40’ Григориј Јовановски 28’
Матрикс: Петре Даиловски 35’ Дарко Цветковски 12’ Мирко Богески 3’ 23’ 29’ 40’ Антонио Богдановски 17’ 34’ Маријан Огненовски 24’ Панче Дангев 38’

Во неизвесна завршница Макпетрол до бодовите со ФК на глуви Слобода
Со висок ритам на игра екипите на Макпетрол и ФК на глуви Слобода го отворија првото полувреме, во првиот дел од полувремето двете екипи беа прртепазливи и ги испитуваа силите на противникот. Екипата на Макпетрол успеа да го отвори резултатот во 15та минута од натпреварот со погодокот на Стојковски, на што екипата на Слобода имаше брз одговор во 17та минута преку Шакиров за израмнување на 1-1. До крајот на полувремето екипата на Макпетрол имаше повеќе од играта па на полувремето замина со предност од 2-1. Во второто полувреме екипата на Макпетрол постигна погодок и ја зголеми предноста од полувремето, сепак екипата на ФК на глуви Слобода не се откажуваше лесно од овој натпревар во 31та минута успеа да постигне погодок што ги донесе на само гол негатива што го направи крајот од натпреварот супер интересен. Во таквата завршница екипата на Макпетрол во последните секунди со голот на Стојковски успеа да дојде до победа од 4-3
Стрелци на головите беа:
Макпетрол: Мишо Ѓорѓиовски 22’ Игор Стојковски 16’ 40’ Александар Мишоски 20’
ФК на глуви Слобода: Атула Алими 33’ Ибо Шакиров 17’ 31’

Џојсон Сејфти Системс убедлив во дуелот со Уника
Првиот дел од полувремето помеѓу Уника и Џојсон Сејфти Системс одмина мирен ритам без многу шанси за погодок на двете страни. Како одминуваше времето екипата на Џојсон Сејфти Системс го засили темпото на игра се префрли на противничко поле и вршеше силен притисок кон голот на Уника. Ваквата игра вроди со плод во 17т минута кога Стојкоски стрелаше за предност од 0-1, ова им даде мотив на екипата на Џојсон Сејфти Системс да нападнат уште пожестоко и до полувремето да дојдат до предност од 0-3. Во второто полувреме екипата на Џојсон Сејфти Системс ја пронајде својата игра и од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на Уника со скратен состав не можеше да парира на вечер расположената екипа на Џојсон Сејфти Системс која го доби овој натпревар со 2-11.
Стрелци на головите беа:
Уника: Филип Манчевски 26’ 38’
Џојсон Сејфти Системс: Стефче Велковски 31’ 32’ 35’ 35’ Нерди Бајрами 20’ Живко Стојковски 17’ 20’ Јован Манакоски 24’ 38’ Борче Аргиловски 30’ Бобан Смилевски 31’

Лукоил сигурни во дуелот со Телеком
Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и Македонски Телеком, екипата на Лукоил со погодокот на Јанковски во 9та минута го отвори резултатот за водство од 1-0. По оваа негатива екипата на Телеком изврши притисок кон голот на Лукоил, тие успеаа да створат неколку шанси за израмнување но не успеаа да реализираат. По ова следуваа вуриозни 5 минути на екипата на Лукоил во кои успеа да постигне 3 погодоци и да дојде до водство од 4-0 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на вториот дел екипата на Лукоил успеа да постигне уште еден погодок преку Фенов за водство од 5-0. До крајот од натпреварот екипата на Македонски Телеком беше таа која притискаше кон противничкиот гол но Лукоил одлично ја постави својата одбрана па не остави доволно простор за игра. Во виниот од натпреварот екипата на Телеком успеа преку Бекир да реализира да ја намали разликата и да го ублажи поразот на 5-1.
Стрелци на головите беа:
Лукоил: Мартин Алаѓозовски 13’ Лоренцо Николовски 17’ Антонио Фенов 17’ 22’ Ивица Јанковски 9’
Македонски Телеком: Џенис Бекир 39’

Во дерби натпревар Фабрика Карпош и Аптив ги поделија бодовите
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Фабрика Карпош и Аптив, уште на самиот старт двете екипи наметнаа високо темпо на игра и почнаа да се редат шанси на двете страни. Екипата на Аптив успеа да искористи еден кикс на одбраната на Фабрика Карпош и со погодокот на Стаматовски во 9та минута и донесе водство на својата екипа од 0-1. По ова екипата на Фабрика Карпош започна агресивна игра во фаза на напад што и донесе израмнување во 16та минута со ефектниот погодок на Божиков. До крајот на полувремето и двете екипи имаа изгледни прилики за погодок но не успеаа да реализираат па на полувремето се замина со 1-1. Во второто полувреме екипата на Аптив успеа да постигне два погодоци и да дојде до предност од 1-3. Екипата на Фабрика Карпош со пожртвувана игра успеа да стигне до израмнување за последните минути од натпреварот да бидат вистинска драма во која екипата на Аптив со четвртиот погодок на Стаматовски дојде до водство од 4-5, а буквално во последните секунди од натпреварот Божиков стрелаше за 5-5 и поделба на бодовите.
Стрелци на головите беа:
Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 16’ 31’ 38’ Кристијан панев 36’ 40’
Аптив: Никола Ќамилов 24’ Кире Стаматовски 9’ 25’ 32’ 39’

Тиквеш со тимска игра до победа над ТАВ
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Тиквеш и ТАВ, и двете екипи влегоа претпазливо во овој натпревар внимавајќи повеќе на својот гол отколку на нападот. Како одминуваше времето се засили темпото на игра и почнаа да се редат шанси за гол на двете страни. Кон крајот на полувремето поточно во 17та минута екипата на Тиквеш успеа да искористи еден контра напад и да реализира за водство од 1-0 што им даде дополнителен мотив па до крајот на полувремето успеаа да реализираат за водство од 2-0. Во второто полувреме се потигна темпото на игра и двете екипи се почесто се закануваа кон протиничкиот гол. Екипата на Тав успеа во 22та минута да реализира и да ја намали разликата на 2-1. Сепак екипата на Тиквеш денеска прикажа игра на повисоко ниво и повторно до 32та минута направи солидна предност 4-1. Екипата на ТАВ се обиидуваше резултатски да се доближи во што делумно успеа, но немаше доволно сили да ја изненади денес расположената екипа на Тиквеш која го доби овој натпревар со 6-3.
Стрелци на головите беа:
Тиквеш: Нинослав Ранѓеловски 32’ Филип Велјановски 24’ 34’ Гоце Ивановски 17’ 20’ 25’
ТАВ: Мартин Арсовски 34’ Петар Мартиновски 22’ Ибраим Елманз 37’

Сава Осигурување со одлична игра до победа над ЕВН
Првото полувреме од дуелот помеѓу Сава Осигурување и ЕВН, и припадна на екипата на Сава Осигурвање која уште на самиот старт наметна високо темпо на игра што и донесе водство со голот на Глигуровски во 5та минута, неколку минути подоцна во 8та минута стрелаше Илиевски за 2-0. По оваа негатива екипата на ЕВН започна со поагресивна игра со цел да фати резултатски приклучок, но таквата отворена игра стави простор за Сава Осигурвање која го зголеми резултатот на 0-3 со кој се змаина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЕВН постигна погодок што им даде дополнителен мотив да тргнат уште понапаѓачки кон голот на Сава Осигурвање што вроди со плод во 28та минута кога дојдоа на само гол негатива. Сепак екипата на Сава Осигурвање не дозволи изненадување па во последната минута со вториот гол на Илиевски ја осигура победата со 4-2.
Стрелци на головите беа:
Сава Осигурување: Трајче Илиевски 8’ 40’ Коста Глигурвоски 5’ Јоваица Марковски 20’
ЕВН: Томи Илиевски 24’ Бојан Симоновски 28’

Рамстор ја сочува предноста и славеше над Водовод
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Рамстор и Водовод, екипата на Рамстор беше таа која ја превзеде иницијативата и се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок кон голот на Водовод. Таквата отворена игра и донесе водство во 9та минута со голот на Јахија. Екипата на Водовод со сит е сили се обидуваше да дојде до ирамнување, но не успеаа во тоа па Рамстор успеа да казни за зголемување на водството кое на полувремето изнесуваше 3-1. Во второто полувреме екипата на Водовод со голот на Закири успеа да дојде на само гол негатива. По овој рано постигнат погодок тие добија мотив да тргнат пожестоко кон голот на Рамстор и да тргнат по израмнување, сепак Мемеди со гол во 27та минута ги спречи во таквата намера. До крајот на натпреварот екипата на Рамстор ја контолираше играта и го доби овој натпревар со 4-3.
Стрелци на головите беа:
Рамстор: Кадир Јахија 9’ 14’ Ибрахим Бекир 16’ Енгин Мемеди 27’
Водовод: Јакуп Зекири 18’ 24’ Стојанче Величковски 40’

Миновски со хет трик му донесе победа на Пекабеско во дуелот со Уни Банка
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Уни Банка и Пекабеско, екипата на Пекабеско одлично го отвори овој натпревар со погодок во 5та минута и водство од 0-1. По оваа негатива екипата на Уни Банка се префрли во предно поле и вршеше притисок со цел да дојде до израмнување, но не успеа во таа намера а екипата на Пекабеско успеа да казни со втор погодок во 11т аминута. Следуваше брз одговор на екипата на Уни Банка со погодокот на Јовановски во истата минута, но до крајот на полувремето екипата на Пекабеско имаше повеќе од играта па на полувреме замина со предност од 1-4. Во второто полувреме екипата на Уни Банка продолжи со напаѓачка игра со цел да фати резултатски приклучок што им успеа во 27та минута со голот на Саздовски, но немаа доволно сили да стора нешто повеќе па екипата на Пекабеско славеше со 2-4
Стрелци на головите беа:
Уни Банка: Александар Јовановски 11’ Ненад Саздовски 27’
Пекабеско: Алвин Бачко 20’ Никола Миновски 5’ 11’ 13’

Ивица Петровски ја водеше Аџибадем Систина до победа над Окта
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Окта и Аџибадем Систина, уште на самиот старт двете екипи започнаа со отворен ситл на игра што донесе многу шанси за погодок на двете страни. Екипата на Аџибадем Систина прва го отвори резултатот во 10та минутра со погодокот на Ибиши, следуваше брз одговор со одличниот погодок со голманот на Окта Димитриевски за израмнување на 1-1. До крајот на полувремето екипата на Систина беше пококретна што се одрази на резултатот 1-2 со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Окта фрли се на една карта и тргна агресивно кон голот на Систина, таквата отворена игра остави голем простор во нивната одбрана што екипата на Аџибадем Систина преку контра напади знаеше да го казни за победа во овој натпревар од 1-5.
Стрелци на головите беа:
Окта: Иван Димитриевски 11’
Аџибадем Систина: ивица Петровски 30’ Кристијан Димковски 15’ 38’ Ерџан Ибиши 10’ 26’

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Кире Стаматовски (Аптив) 4 гола
– Мирко Богески (Матрикс) 4 гола
– Тихо Фидановски (ЈСП) 4 гола
– Стефаче Велковски (Џојсон Сејфти Системс) 4 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Дејан Јанковски (Еуро Табак), Антонио Богдановски (Матрикс), Ненад Саздовски (Ван Хоол), Трајче Илиевски (Сава Осигурување), Александар Божиков (Фабрика Карпош -ГИМ), Гоце Ивановски (Тиквеш), Игор Стојковски (Макпетрол), Антонио Фенов (Лукоил), Кадри Јахија (Рамстор), Јакуп Зекири (Водовод), Јовица Наумовски (А1), Николче Глигуровски (Гранит)

Екипа на колото: Тиквеш
Тренер на колото: Васко Стефанов (Лукоил)
Голман на колото: Дарко Мајковски (Сава Осигурување)