Осврт на петнаесеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Осврт на петнаесеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија

ЈСП со победа го стартуваа пролетниот дел
Првото полувреме од дуелот помеѓу Уника и ЈСП и припадна во целост на екипата на ЈСП која уште на самиот старт наметна високо темпо на игра што и донесе висока предност од 0-5 уште во 9та минута. Екипата на Уника се обидуваше да ја пронајде својата игра како би влегла резултатски во овој натпревар но екипата на ЈСП не дозволи изненадување во ова полувреме кое го доби со високи 0-7. Во второто полувреме иста слика екипата на ЈСП ја контролираше играта, а екипата на Уника се обидуваше да ја намали високата негатива. Овој натпревар заврши со висока победа за екипата на ЈСП од 0-15
Стрелци на головите беа:
ЈСП: Сашо Георгиев 34’ Љупчо Павловиќ 31’ Даниел Антовски 7’ 37’ Тихо Фидановски 7’ 9’ 26’ 27’ 38’ 39’ Гоце Крстевски 4’ 6’ Азем Бучи 14’ 15’ 26’

Гранит со пресврт дојде до победа над Телеком
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Македонски Телеком, екипата на Телеком имаше одличен старт на овој натпревар со погодоците на Џенгис Бекир во 4та и 5та минута за водство од 0-2. По оваа негатива во раната фаза екипата на Гранит со неколку ротации на играчи се префрли во противничко поле и вршеше жесток притисок со цел да дојде до намалување на негативата, тоа им успеа со погодокот на Бошев во 15та минута. До крајот на полувремето екипата на Гранит со сите сили бркаше израмнување, но екипата на Телеком успеа да ја одржи предноста од еден гол за 3-4 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Гранит продолжи со силниот притисок кон голот на Телеком што им донесе израмнување во 27та минута. По ова екипата на Телеком во својот состав внесе голман играч за поторно да ја превземе предноста, но таквата отворена игра ја искористи екипата на Гранит за со брзи контраи да дојде до водство од 7-4 и победа на овој дуел.
Стрелци на головите беа:
Гранит: Стефан Тевдовски 20’ Дарко Петровски 20’ Пепи МИцев 39’ Николче Глигуровски 40’ Ристе Бошев 15’ 38’ Александар Димитровски 27’
Македонски Телеком: Стефан Насковски 16’ Гоце Филипов 20’ Џенгис Бекир 4’ 5’

Фабрика Карпош – ГИМ со перфектна игра во второто полувреме до победа над Џонсон Мети
Екипата на Џонсон Мети во дуелот со Фабрика Карпош – ГИМ, влезе мотивирано со одлично поставена игра како во нападот така и во одбраната. Ваквата поставеност не и даде простор на екипата на Фабрика Карпош да ја игра својата препознатлива игра па Џонсон Мети успеа да замина со водство од 0-2 на полувреме. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да ги консолидира своите редови и поправи грешките од првото полувреме со што успеа не само да го израмни резултатот туку и да направи целосен пресврт. Екипата на Џонсон Мети се обиде со голман играч да се врати во натпреварот но Фабрика Карпош – ГИМ со смирена и контролирана игра не дозволи изненадување па славеше во овој натпревар со 7-2
Стрелиц на головите беа:
Фабрика Карпош – ГИМ: Славчо Мирчевски 34’ Кристијан Панев 21’ 30’ 37’ Тони Котев 23’ Филип Илиевски 30’ Игор Николоввски 28’
Џонсон Мети: Бојан Дејановски 20’ Бобан Ристов 17’

Во натпревар пол со пресврти Лукоил подобри од ФК на глуви Слобода
Ефикасно прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и ФК на глуви Слобода, двете екипи во овој натпревар влегоа со високот темпо на игра и за кратко време имаа одлични шанси за погодок. Први до водство дојдоа од екипата на Слобода уште во втората минута, но екипата на Лукоил за кратко уште во 5та минута успеа да дојде до целосен пресврт и водство од 2-1. По ова екипата на Слобода успеа да искористи дупка во одбраната на Лукоил за повторно израмнување. До крајот на полувремето двете екипи успеаа да постигнат по уште еден гол па на паузата се замина со 3-3. На стартот на второто полувреме екипата на Слобода брзо успеа да постигне погодок и да ја натера екипата на Лукоил да биде таа која повторно го брка резултатот. Сепак екипата на Лукоил ги консолидираше своите редови го израмни резултатот а потоа и од минута во минута го зголемуваше водството за конечна победа од 9-6.
Стрелци на головите беа:
Лукоил: Мартин Алаѓозовски 13’ 25’ 26’ Гоце Мојсоски 25’ лоренцо Николовски 5’ 36’ Васко Стефанов 29’ Анѓелчо Арсов 29’ Антонио Фенов 3’
ФК на глуви Слобода: Илијас Бахтијар 2’ 8’ 22’ Стојковски Мартин 31’ Јасин Алими 39’ Сатула Алими 11’

Во израмнет натпревар А1 и ТАВ ги поеделија бодовите
Динамично прво полувреме одиграа екипите на А1 и ТАВ, прва до водство дојде екипата на А1 со погодокот на Богдановиќ во 6та минута. По оваа негатива екипата на ТАВ започна со агресивна игра што и донесе резултат во 10та минута со погодокот на Митковски за израмнување на 1-1. До крајот на полувремето екипата на А1 имаше повеќе од играта па реализираше за предност од 2-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на А1 продолжи со високо темпо на игра па во 24та минута успеа да го зголеми водството на 3-1. Ова беше знак за Тав да ги консолидира своите редови и да атакува кон голот на А1 па во 30та минута успеаа да го намалат водството на А1 на 3-2. До крајот на натпреварот екипата на ТАВ го подигна темпото на игра и успеа да дојде до израмнување но не и целосен пресврт. Крај 4-4
Стрелци на головите беа:
А1: Мартин Тодоровски 17’ Ненад Богдановиќ 6’ Мартин Ташоски 24’ Јовица Наумовски
ТАВ: Александар Митковски 10’ Ријат Сулејмани 30’ Даниел Симиќ 39’ Мартин Арсковски 38’

Ван Хоол со сигурна игра до победа над Сава Осигурување
Првото полувреме од дуелот помеѓу Сава Осигурување и Ван Хоол и припадна на екипата на Ван Хоол кои уште на самиот старт ја превземаа иницијативата и успеаа да се стекнат со предност од 0-2 до 7та минута. Екипата на Сава Осигурување се обидуваше со чести ротации на играчи да се врати резултатски во ова полувреме но не успеа во таа намера па екипата на Ван Хоол на полувреме замина со предност од 0-2. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување со сите сили се обидуваше да дојде до израмнувањ, но екипата на Ван Хоол со одлично поставена игра во фаза на напад и одбрана не остави простор за игра и залужено го доби овој натпревар со 1-4.
Стрелиц на головите беа:
Сава Осигурување: Данило Поповски 38’
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’ 36’ Филип Белчовски 2’ Владо Здравков 27′

Еуро Табак преку Ливирински до победа над Водовод
Перфектен старт на екипата на Еуро Табак во дуелот со ЈП Водовод, екипата на Еуро Табак уште на самиот старт наметна високо темпо на игра кое екипата на Водовод не можеше да го прати па веќе во 9та минута резултатот на семафорот гласеше 3-0 за еуро Табак. До крајот на полувремето екипата на Водовод се обидуваше да стори нешто повеќе но расположената екипа на Еуро Табак не дозволи изненадување па на полувреме замина со предност од. Во вторто полувреме се продолжи со висок ритам на игра во кој екипата на Водовод имаше улогата на екипа која го брка резултатот па со чести ротации на играчи се обидуваше да створи вишо во нападот но екипата на Еуро Табак одлично ја постави играта во одбраната и рутинирано го приведе овој натпревар во своја корист со резултат од 8-5
Стрелци на головите беа:
Еуро Табак: Филип Поповски 3’ Мартин Ливирнски 5’ 16’ 22’ 31’ 36’ 37’ Сако Јовановски 9’
ЈП Водовод: Стефан Вангелски 33’ Горан Николовски 25’ Стефан Лазарески 29’ Сашо Каровчевиќ 39’ Стојанче Ивановски 14’

Во лавовска борба Уни Банка и Џојсон Сејфти Системс ги поделија бодовите
Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Уни Банка и Џојсон Сејфти Системс, првиот дел од полувремето и припадна на екипата на Џојсон Сејфти која со погодоци во 3та и 9та минута успеа да дојде до водство од 0-2. По оваа негатива екипата на Уни Банка започна ќестоко, напаѓачки кон голот на противникот па во период од 10та до 13та минута успеа да постигне три погодоци за целосен резултатски пресврт. По што во 16та минута екипата на Џојсон Сејфти успеа да реализира еден котра напад и со голот на Аргиловски успеа да реализира за 3-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра, на стартот на полувремето екипата на Џојсон Сејфти Системс успеа да постигне погодок и да го превземе водството. Следуваше брз одговор на Уни Банка со погодокот на Орозовски за повторно израмнување. Во ваквата игра гол за гол екипата на Џојсон Сејфти Системс ја имаше предноста се до последната минута кога екипата на Уни Банка преку еден контра напад со одлична асистенција на Хаџидинев и реалзиија на Саздовски успеа да дојде до реми со резултат од 6-6.
Стрелци на головите беа:
Уни Банка: Ивица Орозовски 25’ Марко Ташков 13’ Александар Кузинаков 11’ 28’ Ненад Саздовски 10’ 40’
Џојсон Сејфти Системс: Нерди Бајрами 9’ Борче Аргиловски 3’ 16’ 21’ 35’ Бобан Вељановски 26’

Аптив со тимска игра до победа над Окта
Првото полувреме од дуелот помеѓу Окта и Аптив и припадна на екипата на Аптив која уште на самиот старт наметна своја игра и имаше целосна контрола. Со погодокот на Трајковски во 6та минута екипата на Аптив го отвори резултатот а веќе во 12та минута имаше предност од 0-3. ДО крајот на полувремето екипата на Окта со сите сили се обидуваше да се врати во мечот но екипата на Аптив со одлична игра не остави простор за тоа па на полувреме замина со предност од 0-3. Во второто полувреме иста слика екипата на Окта бркаше резултатска негатива а екипата на Аптив одлично се бранеше и од време на време со одлични контра напади успеваше да постигне погодок за високо водство и победа со резутат 2-7
Стрелци на головите беа:
Окта: Драганче Стојановски 25’ Иван Димитриевски 36’
Аптив: Александар Марковски 10’ Марјан Тодоровски 22’ Дамјан Хрдаличка 28’ 31’ Иле Трајковски 6‘ Кире Стаматовски 12’ 40’

Тиквеш немаше доволно сили за пресврт со МЕПСО
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Тиквеш и МЕПСО, уште на самиот старт двете екипи наметнаа отворен стил на игра што донесе многу шанси за погодок на двете страни. Екипата на МЕПСО со два погодоци едно по друго во 10та и 11та минута се стекна со солидно водство од 0-2. По ова екипата на Тиквеш започна со агресивна игра и тргна по израмнување, таквата отворена игра остави простор во одбраната што МЕПСО го искористи за зголемување на водството на 2-6 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра во кој екипата на Тивеш со одлична игра од минута во минута ја топеше високата предност на МЕПСО па успеа да стигне до два гола негатива, но немаше сили да стори нешто повеќе. Натпреварот заврши со резултат од 7-9 во корист на МЕПСО.
Стрелци на головите беа:
Тиквеш: Филип Велјановски 21’ Арифи 35’ Орде Ивановски 20’ 20’ 28’ 33’ 39’
МЕПСО: Ѓоко Јанакиевски 11’ 14’ 20’ 34’ Борис Трајковски 12’ 16’ 25’ 26’ Слаѓан Ѓоргиев 18’

ЕВН во последната минута дојде до победа над ЕЛЕМ
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и ЕВН, двете екипи влегоа претпазливо во овој натпревар и фокус ставија на одбраната, па затоа изостанаа шансите и погодоците. Како одминуваше времето се засилуваше темпото на игра па и двете екипи со повремени контра напади се закануваа кон противничкиот гол, и кога се очекуваше дека на полувреме ќе се замина со резултат од 0-0 екипата на ЕВН успеа да искористи кикс во одбраната на ЕЛЕМ и со погодокот на Митев да го отвори резултатот на 0-1 предност со која замина на паузата. На стартот на второто полувреме екипата на ЕЛЕМ успеа да постигне погодок и да дојде до израмнување. До крајот на натпреварот двете екипи имаа свои одлични периоди на игра и успеаа да постигнат по уште еден погодок, а екипата на ЕВН беше поумешна во последните минути од натпреварот успеа да реалзира и да го добие овој натпревар со 3-4.
Стрелци ан головите беа:
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 22’ 34’ Ивица Апостоловски 39’
ЕВН: Вилијам Митев 19’ Наумче Бадаловски 39’ Томи Илиевски 40’ Бојан Тодоровски 35’

Рамстор ја продолжи победничката серија во дуелот со Аџибадем Систина
Одличен старт на екипата на Систина во дуелот со Рамстор со погодокот на Кузманов во 1та минута за водство од 0-1. По оваа негатива екипата на Рамстор започна со агресивна игра и силен притисок кон голот на Систина па до 15та минута успеаа да направат целосен резултатски преврт. До крајот на полувремето екипата на Рамстор ги искористи сите свои прилики за гол и успеа на полувремето да замина со предност до 5-1. Во второто полувреме екипата на Систина со сите сили се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но екипата на Рамстор не остави простор за игра и рутинирано го приведе овој натпревар во своја полза со резултат од 12-3
Стрелци на головите беа:
Рамстор: Енгин Мемеди 8’ Азрет Абаз 16’ 17’ Ибрахим Бекир 40’ Алтај Иметовски 12’ 25’ Хурјет Шаќири 40’ Кадир Јахија 15’ 21’ 31’ 36’ 39’
Аџибадем Систина: Далибор Дамјановиќ 32’ Влатко Кузманов 1’ Диме Стевковски 28’

Макпетрол сигурни во дуелот со Пекабеско
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Макпетрол и Пекабеско, уште на самиот стат екипата на Макпетрол ја превзеде иницијативата и започна со својата препознатлива игра со многу комбинаторика и одлично воиграни акции. Таквата отворена игра и донесе погодок уште во првата минута со голот на Ѓоргиовски, по оваа негатива екипата на Пекабеско се префрли на противничко поле и вршеше притисок со цел да дојде до израмнување, но екипата на Макпетрол преку контра напад во 10та минута со голот на Костенцовски успеа да дојде до водство од 2-0. До крајот на полувремето екипата на Макпетрол имаше повеќе од играта и заслужено на полувремето замина со предност од 4-0. Во второто полувреме екипата на Пекабеско сите сили се обидуваше да ја намали високата негатива од полувремето но екипата на Макпетрол со одлична игра во фаза на напад и одбрана не остави простор за екипата на Пекабеско и заслужено го доби овој натпревар со високи 8-2.
Стрелци на головите беа:
Макпетрол: Мишо Ѓорѓиоски 1’ 15’ Марко Костенцовски 10’ 23’ Ибраим Исмаили 15’ 26’ Александар Мишоски 24’ Христијан Мицевски 33’
Пекабеско: Сухамед Бачко 30’ Ерсан Зекир 34’

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Тихо Фиданоски (ЈСП) 6 гола
– Мартин Ливерински (Еуро Табак) 6 гола
– Борче Аргиловски (Џојсон Сејфти Системс) 4 гола
– Кадир Јахија (Рамстор) 5 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Гоце Ивановски ( Тиквеш), Азем Бучи (ЈСП), Ѓоко Јанакиевски (МЕПСО), Борис Трајковски (МЕПСО), Даниел Стамнековски (Ван Хоол), Ристе Бошев (Грани), Влатко Петровски (ЕЛЕМ), Дамјан Хрдаличка (Аптив), Кире Стаматовски (Аптив), Илијас Бахтијар (ФК на глуви Слобода), Мартин Алаѓозовски ( Лукоил), Лоренцо Николовски (Лукоил), Александар Кузинаков (Уни Банка), Ненад Саздовски (Уни Банка), Кристијан Панев (Ф. Карпош – ГИМ), Марко Костенцовски (Макпетрол), Ибрахим Исмаили (Макпетрол), Мишо Ѓоргиоски (Макпетрол)

Екипа на колото: Фабрика Карпош – ГИМ
Тренер на колото: Марјан Казаков (Фабрика Карпош – ГИМ)
Голман на колото: Тони Котев (Фабрика Карпош – ГИМ)