ТАВ немаше доволно сили за пресврт со Рамстор

ТАВ 6-8(0-4) Рамстор

ТАВ: Мартин Арсовски 33’ 34’ 36’ 37’ Елмаз Ибрахим 35’Даниел Симич 40′
Рамстор: Енис Мурселов 33’ Енгин Мемеди 39’ Ведат Арслан 20’ 29’ 40’ Фуркан Муртезан 5’ 15’ Хурјет Шакири 14’

Првото полувреме во дуелот помеѓу ТАВ и Рамстор во целост и припадна на екипата на Рамстор која уште на самиот старт наметна високо темпо на игра кое екипата на ТАВ не можеше да го прати. Кон средината на полувремето екипата на Рамстор веќе имаше висока предност која ТАВ не можеше да ја анулира до полувремето па замина со 0-4. Во второто полувреме видовме една помотивирана екипа на ТАВ која започна со поагресивна игра што во последниот дел од натпреварот ги доближи на само гол негатива. Сепак екипата на Рамстор успеа да го издржи притисокот и да го добие натпреварот со 6-8.