Аптив со тимска игра до победа над Спорт Лајф

Спорт Лајф 1-6(1-2) Аптив

Спорт Лајф: Стефан Васковски 18’
Аптив: Александар Марковски 14’ 17’ 38’ Иле Трајковски 22’ 25’ 39’

Во последниот натпревар од денешниот ден силите ги одмерија екипите на Спорт Лајф и Аптив. Екипата на Спорт Лајф традиционално настапува со Валерија Ваљак која е единствениот женски играч во целата Бизнис Лига која ужива углед достоинство и почит. Во првото полувреме се играше израмнето се до средината на полувремето кога екипата на Аптив успеа да искористи неколку грешки во одбраната на Спорт Лајф и истите да ги претвори во гол. Спорт Лајф успеа да ја намали разликата на Аптив и на полувремето замина со само гол негатива од 1-2. Во второто полувреме Аптив целосно ја превзеде контролата врз натпреварот влезе во вистински ритам пред се благодарение на одличната реализација и тимската игра.Аптив од минута во минута го зголемуваа водството за на крајот да слават со сигурен резултат од 1-6 резлика недостижна за Спорт Лајф.