Аџибадем Систина преку Макпетрол до бронзен медал

Макпетрол 5-6(3-3) Аџибадем Систина

Макпетрол: Бенер Бекиоски 1’ Мишо Ѓоргиоски 11’ 14’ 36’ Благоја Тодоровски 28’
Аџибадем Систина: Дамјан Јовчевски 3’ 4’ 33’ Кристијан Димковски 20’ 34’ Игор Ѓорѓиоски 24’

Екипите на Макпетрол и Аџибадем Систина во овој натпревар влегоа со агресивна игра која беше сконцентрирана во дефанзивниот дел и на двете страни се играше цврста одбрана. Екипите се трудеа максимално да го затворат приодот кон својот гол, прва до водство дојде екипата на Макпетрол преку Бекиоски во раната фаза на натпреварот во првата минута, но Јовчевски по немполна минута со два погодоци успеа да и донесе на својата екипа целосен резултатски пресврт. Се играше крајно израмнето се до втората половина од првото полувреме кога Макпетрол преку Мишо Ѓоргиоски со два погодоци успеа да дојде до водство од 2-3. Во самиот финиш во 20та минута од првото полувреме екипата на Систина преку Кристијан Димковски успеа да израмни на 3-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме Аџибадем Систина започна со офанзивна игра уште на самиот старт што и овозможи да стекне предност од два гола, екипата на Макпетрол се обиде со голман играч да се врати во натпреварот користејќи го Ѓоргиоски како голман играч, но Систина под водство на Амел Аломеровиќ беше на ниво на задачата, успеа да се одбрани и со резултат од 5-6 стигна до бронзениот медал.