Аџибадем Систина со пресврт до победа над ЈСП

ЈСП 2-3(0-0) Аџибадем Систина

ЈСП: Васко Мирчевски 23’23’
Аџибадем Систина: Диме Стевковски 25’ 28’ Златко Бошковски 37’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и Аџибадем Систина, двете екипи во ова полувреме влегоа претпазливи не потценувајќи го противникот. Екипата на ЈСП го имаше поседот на топката и кристејќи го својот голман како голман играч создаваа вишок во напдот и се закануваа кон голот на Аџибадем Систина. Екипата на Аџибадем Систина одлично ја постави својата одбрана и преку брзи контра напади ја бараше својата шанса за реализација. Во првото полувреме двата голмани беа на ниво на задачата ги одбранија сите закани кон нивните голови па до полувремето мрежите мируваа. Во второто полувреме екипата на ЈСП имаше одличен старт и во 23та минута успеа преку Мирчевски да постигне два погодоци за водство од 0-2. По ова водство на ЈСП екипата на Аџибадем Систина ги консолидира своите редови и со два погодоци во 25та и 28та минута успеа да дојде до израмнување на резултатот на 2-2. Во финишот од натпреварот екипата на Аџибадем Систина преку одлично изработена акција успеа да реализира и да дојде до целосен пресврт и победа во овој дуел со 2-3.