А1 убедливи во дуелот со Уни Банка

А1 11-6(6-3) Уни Банка

А1: Мартин Тодоровски 20’ 30’ Никола Спасевски 8’ Јовица Наумовски 37’ 40’ 40’ Иле Никодиноски 18’ 31’ Ненад Богдановиќ 3’ 12’ 12’
Уни Банка: Владислав Хаџидинев 38’ Ѓорѓи Пецевски 39’ Ивица Орозовски 23’ Ангел Петков 14’ Александар Кузинаков 7’ 9’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на А1 и Уни Банка, прва во водсетво дојде екипата на А1 со погодок во 3та минута. Екипата на Уни Банка направи неколку промени во играчкиот кадар што вроди со плод во 7та минута за израмнување на резултатот. По овие воведни погодоци екипата на А1 го подигна темпото на игра и започна естоко да напаѓа кон голот на Уни Банка па за само неколку минути успеа да се стекне со солидна предност која ја одржуваше до полувремето на кое замина со предност од 6-3. На стартот на второто полувреме екипата на Уни Банка успеа да ја намали разликата на 6-4 што ја мотивираше да започне со силен притисок кон голот на А1 со цел да дојде до израмнување. Сепак екипата на А1 одлично ја постави својата игра во одбраната не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 11-6.