Ван Хоол преку Гранит до Ф4

Ван Хоол 4-1(1-1) Гранит

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 28’ Ненад Саздовски 2’ 23’ Филип Белчовски 30’
Гранит: Александар Димитровски 20’

Екипата на Ван Хоол уште на самиот старт буквално во првата минута постигна гол во дуелот со Гранит со кој гол доби ветар во грб и самодоверба. Во текот на целото прво полувреме екипата на Ван Хоол играше офанзивно настојувајќи да дојде до изгледна шанса за гол. Екипата на Гранит успеа да се одбрани од ваквата игра и во завршницата на полувремето преку голманот Димитровски да дојде до израмнување на 1-1. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол со чести ротации користејќи ја подолгата клупа наметна висок ритам на игра што Гранит не можеше да ја прати. Пред се поради честите ротации и подобрата физичка подготвеност Ван Хоол доаѓаше до отворени шанси за гол кои успеваше да ги реалзира за да на крајот дојде до победа од 4-1 за влез во Ф4.