Ван Хоол со одлично прво полувреме до победа над Уни Банка

Уни Банка 3-10(1-6) Ван Хоол

Уни Банка: Марко Ташков 27’ Бесар Абдули 3’ 22’
Ван Хоол: Ненад Саздовски 1’ 2’ 34’ Игор Минов 8’ 19’ 39’ Баже Сумиковски 24’ Филип Белчовски 29’ Филип Никодиновски 4’ 17’

Одличен старт за екипата на Ван Хоол во дуелот со Уни Банка, на самиот почеток на полувремето екипата на Ван Хоол со два погодоци на Саздовски дојде до рано водство од 0-2. По ова рано водство на Ван Хоол екипата на Уни Банка имаше брз одговор со одличниот погодок на Абдули и намалување на водството на 1-2. Сепак кај Уни Банка беше пресуден малиот број играчи и немањето замена, за разлика од долгата клупа на Ван Хоол која со чести измени ја одржуваше свежината во играта и брзото темпо па често доаѓаше до поволни шанси и постигнуваше погодоци за зголемување на разликата која на полувремето беше 1-6. Во второто екипата на Уни Банка притисна кон голот на Ван Хоол но тие одлично ја поставија играта во одбраната и не дозволуваа противникот да ја намали разликата. Ван Хоол со брзи контра напади, цврста одбрана и големата предност од првото полувреме ја осигура победата во овој дуел со резултат од 3-10.