Ван Хоол со сигурна игра во заврпшницата до победа над ЕВН

ЕВН 4-6(4-0) Ван Хоол

ЕВН: Наум Бадаловски 32’ 33’ 37’ Томислав Блаевски 24’
Ван Хоол: Антонио Петровски 1’ 30’ Даниел Стаменковски 6’ Христијан Павловски 16’ Христијан Димковски 6’ Владо Здравков 40’

Одличен старт за екипата на Ван Хоол во дуелот со ЕВН со погодокот на својот голман Петровски во првата минута од натпреварот. По ова рано водство следуваше уште еден шок за екипата на ЕВН со два брзи погодоци за екипата на Ван Хоол и водство од 0-3 во 6та минута. Екипата на ЕВН со голман играч во фаза на напад се обидуваше да створи вишок со цел да фати резултатски приклучок, но екипата на Фан Хоол одлично ја постави играта во одбраната не дозволи изненадување а преку контра напади успеваше да казни за предност од 0-4 на полувремето. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра во која екипата на ЕВН ја имаше улогата на екипа која го брка резултатот. Екипата на ЕВН со упорна игра од минута во минута ја топеше предноста на Ван Хоол за во 37та минута со третиот погодок на Бадаловски да дојде на само еден гол негатива ид а ја направи завршнивцата драматична.
Сепак во таквата завршница екипата на Ван Хоол успеа да ја дојде до победата со резултат од 4-6.