Во дербито на градежниците екипата на Гранит славеше над Фабрика Карпош – ГИМ

Гранит 7-3(3-2) Фабрика Карпош – ГИМ

Гранит: Ненад Антовски 8’ 26’ 37’ Мартин Ристовски 30’ Мартин Ѓушковски 3’ 10’ 25’
Фабрика Карпош – ГИМ: Георги Божиков 35’ Кристијан Панев 7’ 9’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Фабрика Карпош – ГИМ, екипата на Гранит го отвори овој натпревар во 3та минута од натпреварот со погодокот на Ѓушковски. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во 7та минута го израмни резултатот но Гранит веднаш возврати и дојде до повторно водство. Екипите има имаа одлични шанси но екипата на Гранит успеа да ја одржи предноста од еден гол па на полувремето замина со предност од 3-2. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ иако вршеше константен притисок кон голот на Гранит немаше завршница. Екипата на Гранит со брзи контра напади ги користеше грешките на противникот и од минута во минута го зголемуваше своето водство. Во финишот од натпреварот екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во игра внесе голман играч но водството кое го стекна Гранит не беше достижно кои славеа на крајот од овој дуел со 7-3.