Во дерби натпревар со пенал завршница Матрикс подобри од Лукоил

Матрикс 9-8 по пеналите (5-5) 5-3 Лукоил

Матрикс: Петре Даиловски 6’ 17’ Дарко Цветковски 29’ 37’ Ивица Алампиоски
Лукоил: Марјан Цветковски 2’ 18’ Мартин Алаѓозовски 4’ 13’ Антонио Фенов 10’

Екипите на Матрикс и Лукоил ни приредија вистински дерби натпревар. Во овој натпревар можеа да уживаат сите љубители на малиот фудбал пред се поради борбеноста неизвесноста и атрактивните потези на двете страни. Првото полувреме уште на самиот старт дојде до водство екипата на Матрикс по што следеше брз одговор од екипата на Лукоил кој за неполна минута го изедначи резултатот. Екипата на Лукоил го користеше Маријан Цветковски како не само како голман туку голем дел од нападите почнуваа преку него. Истиот успеа да постигне 2 гола во првото полувреме на кој му се приклучи и Матрин Алаѓозовски за водство над екипата на Матрикс. Кај Матрикс светла точка беше Петре Даиловски кој со два погодоци во првото полувреме ја држеше неизвесноста. На полувремето Лукоил замина со предност од 3-5. Во текот на второто полувреме екипата на Лукоил играше доста затворено настојувајќи да ја одржи предноста. Матрикс напаѓаше во текот на целото второ полувреме а пред крајот на полувремето преку Дарко Цветковски со два гола успеа да дојде до израмнување. Во последните три минути екипата на Лукоил по груб старт остана со играч помалце што Матрикс не успеа да го искористи и се влезе во пенал завршница. Во пенал завршницата екипата на Матрикс успеа да слави со 9-8 и влез во Ф4