Во дерби натпревар Џојсон Сејфти Системс го совлада С.Ц. Борис Трајковски

С.Ц. Борис Трајковски 7-8(5-5) Џојсон Сејфти Ситемс

С.Ц: Борис Трајковски: Влахо Костов 16‘ 18’ Мојсовски Владимир 17’ 34’ 11’ Дамјан Сиљјановски 10’ 37’
Џојсон Сејфти Системс: Жика Стојковски 15’ Анастас Секулоски 27’ Борче Аргилоски 5’ 35’ Вецко Вренцоски 8’ 17’ 18’ 40’

На почетокот на полувремето иницијативата ја превзеде екипата на Џојсон Сејфти Системс и со два погодоци на Аргиловски и Вренцоски успеа да го превземе водството. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски по оваа негатива го најде својот ритам и за само две минути успеа да го израмни резултатот. По ова се играше гол за гол каде двете екипи наизменично се менуваа во водството но до полувремето ниту една од нив не успеа резултатски да се одлепи па на паузата се замина со израмнет резултат од 5-5. Во второто полувреме се играше дерби натпревар кој изобилуваше со многу атрактивни потези. И двете екипи беа максимално сконцентрирани во делот на нападот каде што пружија 100% од својте можности во самата завршница екипата на Џојсон Сејфти Сиситемс имаше повеќе нерви па со гол предност на 7-8 го доби овој натпревар.