Во крајно израмнет натпревар Џонсон Мети подобри од ЕЛЕМ

Џонсон Мети 5-4(3-1) ЕЛЕМ

Џонсон Мети: Бојан Дејановски 32’ Бране Стојановски 17’ Мартин Николовски 18’ Роберт Јовановски 8’ Александар Недев 29’
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 2’ 23’ 25’ Златко Станковски 30’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Џонсон Мети и ЕЛЕМ. Прва до водство дојде екипата на ЕЛЕМ со погодокот на Стефановски во 2та минута што ја натера екипата на Џонсон Мети да започне со поофанзивен фудбал и во 8та минута да дојде до израмнување од 1-1. ВО 17та минута екипата на Џонсон Мети успеа да го зголеми водството на 2-1 и да ја префрли топката кај ЕЛЕМ. До крајот на полувремето екипата на Џонсон Мети искористи уште една грешка на одбраната на ЕЛЕМ и на паузата замина со предност од 3-1. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ предводена од Стефановски успеа да фати резултатски приклучок и да го израмни резултатот на 4-4. На двете страни имаше по едно исклучување од 2 минути кој Џонсон Мети успеа да го претвори во гол. Екипата на ЕЛЕМ не успеа да ја искористи шансата со играч повеќе и да влезе во пенал завршница па така Џонсон Мети славеше со 5-4.