Во натпревар полн со пресврти Фабрика Карпош – ГИМ поуспешни од Ван Хоол

Фабрика Карпош – ГИМ 3-2(1-1) Ван Хоол

Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 36’ 39’ Филип Илиевски 14’
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 19’ Филип Белчовски 22’

Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Ван Хоол, двете екипи во овој дуел влегоа со претпазлива игра и фокус ставен на одбраната. Екипите со ваквата игра се обидуваа со брз контра напад или шут од далечина да го изненадат противничкиот голман, тоа и успеа на екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во 14та минута и со одличниот погодок на Илиевски го отворија резултатот на 1-0. Екипата на Ван Хоол по оваа негатива притисна кон голот на Фабрика Карпош – ГИМ па тоа вроди со плод во 19та минута кога искористи кикс во одбраната на противникот за израмнување на 1-1 резултат со кој се замина на паузата. На стартот на второто полувреме екипата на Ван Хоол успеа да дојде до целосен пресврт и поведе со 1-2, но екипата на Фабрика Карпош – ГИМ го имаше расположениот Панев кој со два гола успеа да ја донесе својата екипа во повторно водство кое успеаа да го задржат до самиот крај и да го добијат овој натпревар со 3-2.