Во натпревар полн со пресврти Џонсон Мети славеше над Интертек

Интертек 7-8(2-4) Џонсон Мети
Интертек: Стефан Ѓалевски 17’ 25’ Дарко Костадиновски 10’ 39’ Мартин Лазаревски 22’ 25’ 29’
Џонсон Мети: Христијан Стојановски 17’ Младен Спасовски 11’ Стефан Јовановски 30’ 40’ Никола Чаушевски 9’ 37’ Роберт Бојаџиев 15’ 33’

Интертек и Џонсон Мети одиграа крајно тврд и израмнет натпревар, екипата на Џонсон Мети во првото полувреме иако настапи со скратен состав успеа да наметне свој ритам на игра во кој преку добро организиран напад успеа да дојде до играч плус кој го користеше да упати отворен шут кон противничкиот гол. Екипата на Интертек во текот на целото полувреме не дозволи Џонсон Мети резултатски да се одлепи следејќи го во чекор противникот. Џонсон Мети имаше подобра реализација па на полувремето замина со предност од 2-4. Во второто полувреме екипата на Интертек успеа целосно да ги консолидира своите редови и со 3 последователни гола да дојде до целосен резултатски пресврт. Но Џонсон Мети потпираќи се на своето искуство не дозволи противникот резултатски да се одвои и со гол успеа да го израмни резултатот по што натпреварот влезе во крајно драматична и неизвесна завршница. Во ваквата завршница екипата на Џонсон Мети имаше подобра реализација па славеше со 7-8.