Во натпревар полн со пресврт Ван Хоол подобар од Окта

Окта 2-5(1-1) Ван Хоол

Окта: Живко Котевски 23’ Наум Костовски 19’
Ван Хоол: Антонио Петровски 29’ Даниел Стаменковски 8’ 40′ Владо Здравков 32’Ненад Атанасов 40′

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Окта и Ван Хоол, прва до водство дојде екипата на Ван Хоол со погодокот на Стаменковски во 8та минута. По оваа негатива екипата на Окта се префрли на противничко поле и вршеше притисок со цел да дојде до израмнување, екипата на Ван Хоол успеваше да одолее на овој притисок се до 19та минута кога екипата на Окта успеа да реализира за 1-1 резултат со кој се замина на полувреме. На стартот на второто полувреме екипата на Окта успеа да постигне погодок и да направи целосен резултатски пресврт што значеше и промена на улогите па сега екипата на Ван Хоол бркаше израмнување. Екипата на Ван Хоол вршеше константен притисок кон голот на Окта што вроди со плод во 29та минута за израмнување на резултатот, а неколку минути подоцна поточно во 32та минута за повторно водство на Ван Хоол со 2-3. До крајот на натпреварот екипата на Ван Хоол имаше повеќе од играта па го сочува водството и го доби овој натпревар со 2-5.