Во неизвесен натпревар Аптив и Рамстор ги поделија бодовите

Аптив 2-2(1-1) Рамстор

Аптив: Александар Марковски 28’ Дамјан Хрдличка 8’
Рамстор: Ибрахим Бекир 15’ 35’

Прво полувреме во дефанзивен стил одиграа екипите на Аптив и Рамстор, првиот дел од полувремето одмина во мирен ритам во кој и двете екипи ги одмруваа силите. Како одминуваше времето двете екипи го засилуваа темпото на игра па почнаа да се редат и шансите на двете страни. Екипата на Аптив со погодокот на Хрдличка во 8та минута го отвори резултатот за водство од 1-0. По оваа негатива екипата на Рамстор ја превзеде иницијативата и тргна по израмнување, што им успеа во 15та минута со прекрасниот погодокот на Бекир за израмнување на 1-1. До крајот на полувремето мрежите на двете страни останаа мирни па се замина со резултат од 1-1. Во второто полувреме се продолжи со жесток ритам со многу шанси на двете страни. Кон средината на полувремето поточно во 28та минута екипата на Аптив успеа да реализира еден контра напад за водство од 2-1. По оваа негатива екипата на Рамстор фрли се на една карта и тргна по израмнување што им успеа во 35та минута од натпреварот за израмнување од 2-2. Во останатиот дел од натпреварот беше вистинска драма во која двете екипи ги поделија бодовите.