Во пенал завршница Ван Хоол подобар од Макпетрол за борба за шамипонската титула

Макпетрол 3-3(0-1) Ван Хоол (3-6 по пеналите)

Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 32’ Денис Димитриевски 33’ Благоја Тодоровски 28’
Ван Хоол: Даниел Стамнековски 30’ Гоце Андев 14’ Антонио Петровски 29’

Вториот полуфинален го одиграа екипите на Макпетрол и Ван Хоол, двете екипи играа доста цврсто во првото полувреме на двете страни се играше доста цврсто во одбраната. Со ваква одбрана екипите успеваа да го затворат приодот кон голот и воедно да ги елиминираат отворените шутеви кон противничкиот гол. Во втората половина од првото полувреме Ван Хоол преку Гоце Андов кој воедно е и тренер на оваа екипа успеа да поведе со 0-1 во 14та минута. Екипата на Макпетрол се обидуваше да го изедначи резултатот но не успеа па на полувремето екипата на Ван Хоол замина со предност од еден гол. Во второто полувреме екипата на Макпетрол влезе во отворен фудбал како би можела да го израмни резултатот, тоа им појде од рака во 28та минута кога преку Тодоровски израмнија на 1-1. По нецела минута голманот на Ван Хоол Петровски беше прецизен за водство о 1-2, по што следеше уште една прекрасна акција на Ван Хоол во реализација на Стаменковски во 30та минута. Екипата на Макпетрол го внесе Ѓоргиоски како голман играч во своите редови. Оваа техничко тактичка замисла на тренерот Илчо Филиповски вроди со плод па Макпетрол успеа да го измани резултатот со два последователни гола на Ѓоргиоски и Димитриевски. Во остатокот од натпреварот екипата на Макпетрол остана со играч помалце но Ван Хоол не успеа да постигне погодок за победа па се влезе во пенал завршница. Во изведувањето на пеналите екипата на Ван Хоол имаше поголема концентрација и кај нив голманот Антонио Петровски беше на ниво на задачата за победа и влез во големото финале.