Во фер плеј натпревар Рамстор подобри од ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 2-6(0-4) Рамстор

ЕЛЕМ: Александар Бокан 24’ Кристијан 33’
Рамстор Фуркан Муртезан 8’ Хурјет Шаќири 21’ Кадир Јахја 1’ 2’ 6’ 31’

Крајно коректен и фер плеј натпревар одиграа екипите на ЕЛЕМ и Рамстор. Екипата на Рамстор уште на самиот старт ја играше својата препознатлива игра доста цврсто во одбраната и агресивно во нападот. Екипата на ЕЛЕМ направи неколку грешки во одбраната со што му дозволи на Рамстор да стекне предност уште во првата половина од првото полувреме. Екипата на ЕЛЕМ немаше против игра на ваквата игра па на паузата Рамстор замина со предност од 0-4. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ се обидуваше да фати резултатски приклучок но Рамстор не го дозволи тоа пред се благодарение на честите измени и високиот ритам. Рамстор го доби овој натпревар со 2-6.