Гранит со тимска игра до победа над Водовод

Гранит 8-5(4-2) Водовод

Гранит: Дарко Петров 28’ 30’ Пепи МИцев 20’ 34’ Николче Глигуровски 14’ 22’ Ненад Антовски 10’ Александар Димитровски 17’
Водовод: Авни Ајвази 10’ Горан Николовски 25’ Сашо Каровчевиќ 12’ 23’ 39’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Водовод,уште на самиот старт двете екипи наметнаа високо темпо на игра и почнаа да се редат шанси за погодок на двете страни. Прва до водство дојде екипата на Гранит во 10та минута, следуваше брз одговор на екипата на Водовод за израмнување уште во истата минута. Неколку минути подоцна поточно во 12та минута екипата на Водовод стрелаше за водство од 1-2, по оваа негатива екипата на Гранит започна со агресивна игра што и донесе израмнување во 14та минута а во 17та минута и погодок за водство од 3-2 и целосен резултатски пресврт. А до крајот на полувремето успеаа и да го зголемат водството на 4-2. Во второто полувреме на самиот старт екипата на Гранит го зголеми водството на 5-2, за кратко време имаше одговор од Водовод за повторно намалување на 2 разлика. До крајот на натпреварот екипата на Гранит имаше подобра игра во одбраната и нападот со што не дозволи на екипата на Водовод резултатски да се доближи па го доби овој натпревар со 8-5.