ЕЛЕМ немаше сили за пресврт со Џојсон Сејфти Системс

ЕЛЕМ 5-8(1-5) Џојсон Сејфти Системс

ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 32’ 34’ Златко Станкоски 7’ Влатко Петровски 27’ Кристијан Јосифовски 25’
Џојсон Сејфти Системс: Даниле Велановски 13’ 36’ Нерди Бајрами 11’ 35’ 38’ Живко Стојкоски 17’ Борче Аргиловски 7’ 20’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Џојсон Сејфти Системс, прва до водство дојде екипата на ЕЛЕМ со погодок во 7та минута. Екипата на Џојсон Сејфти Системс за брзо време спреми одговор веќе во истата минута успеа да постигне погодок за израмнување. Овој погодок имм даде дополнителен мотив да тргнап уште поагресивно кон голот на ЕЛЕМ што им донесе погодоци во 11та и 13та минута за водство од 1-3. До крајот на полувремето екипата на ЕЛЕМ се обидуваше резултатски да се врати во игра но не успеа во таа намера па екипата на Џојсон Сејфти Системс на полувреме замина со предност од 1-5. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра екипата на ЕЛЕМ со агресивна игра од минута во минута ја топеше високата предност од полувремето и успеа да го доведе натпреварт во неизвесна завршница кога во 35та минута успеа да го израмни резултатот на 5-5. Сепак во финишот од натпреварот екипата на Џојсон Сејфти Системс направи неколку одлични акции и повторно дојде до водство и победа од 5-8.