ЕЛЕМ со одлично второ полувреме до победа над А1

ЕЛЕМ 7-1(2-1) А1

ЕЛЕМ: Боби Максимовски 10’ Александар Бокан 27’ Тихо Груевски 25’ 32’ 38’ Никола Мицевски 24’ Горан Николовски 14;
А1: Мартин Ангеловски 14’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и А1, двете екипи во овој натпревар влегоа претпазливи со фокус ставен на играта во одбраната. Екипите ги одмеруваа силите и чекаа на грешка на противникот за отворена шанса и погодок, ваква шанса доби екипата на ЕЛЕМ во 10та минута од полувремето кога со погодокот на Максимовски успеа да дојде до предност од 1-0. По оваа негатива екипата на А1 имаше неколку одлични шанси за погодок кои не успеа да ги реализира па следеше казна на другата страна кога ЕЛЕМ преку Исмаили во 14та минута успеа да зголеми на 2-0. Екипата на А1 одличниот погодок на Ангеловски од средината на теренот успеа да дојде на само гол негатива и да атакува на израмнување, но до полувремето не успеа да ги искористи шансите па на паузата А1 замина со еден гол негатива 2-1. Екипата на ЕЛЕМ во второто полувреме го подигна темпото на игра, со чести ротации Петров како голман играч створи вишок во нападот што им донесе зголемување на водството. Екипата на А1 со својата кратка клупа кондициски не можеше да го издржи ова високо темпо на игра кое го наметна екипата на ЕЛЕМ, па од тука и многуте грешки во одбраната. ЕЛЕМ ја пронајде својата игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство за сигурна победа во овој дуел од 7-1.