Започнува пролетниот дел од Бизнис Лигата на Македонија

По одиграни 11 кола заврши есенскиот дел од Бизнис Лигата на Македонија
Натпреварите кои беа одиграни во есенскиот дел покажаа дека ќе имаме крајно израмнето првенство во кое буквално до последниот натпревар екипите ќе се борат за влез во ф8 фазата која се игра без првите 4 тима кои директно се приклучуваат на победниците од Ф8

Табелата по одиграниот есенски дел изгледа вака:

Екипата на Лукоил по одиграни 10 натпревари има само еден нерешен натпревар и 9 победи со 28 поени
Второто место веднаш зад нив е екипата на Систина која има 28 поени во 11 одиграни натпревари само еден пораз, еден нерешен натпревар и 9 победи
На третото место екипата на Макпетрол која по одиграни 10 натпревари има 8 победи и 2 нерешени натпревари и 26 поени
Четврта е екипата на ЈСП која одигра 11 натпревари и имаше скор од 8 победи 1 нерешен натпревар и 2 порази со 25 поени
Екипите на Халк Банка, ЕЛЕМ, Окта имаат по 19 поени што говори за израмнетоста на екипите во натпреварите во ова првенство
По 17 поени имаат екипите на Ван Хоол и Аптив
УНИКА беше веднаш зад нив со 16 поени
Фабрика Карпош – ГИМ и А1 успеаа да освојат по 15 поени
Со 14 поени екипата на Пивара Скопје го заврши есенскиот дел
Гранит и Шпаркасе Банка имаат по 13 поени
Bestway Solutions има 11 поени, Џонсон Мети 10 поени, екипата на DHL 8 поени
ЈП Дрисла, Интертек имаат по 6 поени, Сава Осигурување има три поени, а екипата на Спорт Лајф е без поени

Мора да напоменеме дека голем дел од екипите не настапија во целосни состави па од тука и не може да се види реалната слика која очекуваме да ја видиме во пролетниот дел

Најдобри Стрелци беа:

Почетокот на оваа сезона ќе биде на 8 и 9ти со одигрување на заостанатите натпревари по што на 13ти следи официјално започнување на пролетниот дел со редовното коло кое почнува во понеделник во 19 часот