Искуството на Гранит пресудно во дуелот со Пивара Скопје

Пивара Скопје 2-7(0-4) Гранит

Пивара Скопје: Марко Магденовски 24’ Валентин Каров 35’
Гранит: Николче Глигуровски 5’ 12’ Дарко Петров 9’ 10’ Аце Димитровски 25’ Мартин Фотевски 31’ 40’

Екипата на Пивара Скопје го имаше своето деби на Бизнис Лигата против екипата на Гранит, натпреварот започна со отворен фудбал на двете страни кој изобилуваше со одлично изработени акции од кои се доаѓаше до шанса за гол. Екипата на Гранит потпрена на своето искуство успеа да ги реализира шансите и на полувремето да замине со 4 гола предност. Во текот на целото второ полувреме екипата на Пивара Скопје се обидуваше да најде против игра и да ја анулира предноста но Гранит умееше да ја смири играта и да не дозволи изненадување. Ваквата игра резултираше со победа на Гранит со 2-7.