Крстевски со одлична игра му донесе победа на ЈСП во дуелот со Фабрика Карпош – ГИМ

Фабрика Карпош – ГИМ 4-9(1-4) ЈСП

Фабрика Карпош – ГИМ: Бојан Голабовски 10’ Александар Божиков 20’ 30’ Георги Божиков 21’
ЈПС: Гоце Крстевски 3’ 13’ Даниел Антовски 12’ 19’ Филип Колеќески 18’ 20’ 32’ Филип Димовски 25’ Владимир Смичковски 38’

Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во дуелот со ЈСП влезе ослабена во не полн состав, уште на самиот старт Давор Калиновски тренерот на ЈСП постави формација во која голманот Крстевски го користеше како голман играч што му овозможи на ЈСП да створи вишок во нападот. Крстевски кој имаше одлична реализација во 3та минута му донесе водство на ЈСП од 0-1, но екипата на Фабрика Карпош – ГИМ преку Галабовски израмни на 1-1. ЈСП продолжи во ист ритам со добра поставеност во делот на нападот и целосно контраолирана игра која вроди со плод за водство на полувремето од 1-4. Во второто полувреме Фабрика Карпош – ГИМ се обидуваше преку пресинг игра на целиот терен да фати резултатски приклучок но искусниот ЈСП играше смирено со контролирано долги напади со ваквата игра не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со 4-9