Ливрински со 7 погодоци го водеше Еуро Табак до победа над Уника

Еуро Табак 13-3(3-0) Уника

Еуро Табак: Мартин Ливрински 11’ 17’ 22’ 33’ 37’ 36’ 39’ Дејан Јанковски 38’ Григориј Јовановски 27’ 40’ Сашко Јовановски 9’ 23’
Уника: Арбен Бајрами 39’ Тимотеј Нешовски 33’ Атанасов Никола 29’

Екипата на Еуро Табак во дуелот со Уника влезе мошне мотивирано и од самиот старт успеа да дојде до неколку изгледни ситуации кои ги претвори во гол. Во текот на целото полувреме играше доста агресивно не дозволувајќи и на Уника да фати приклучок и ритам за игра. На полувремето Еуро Табак отиде со предност од 3-0. Во второто полувреме подобрата физичка подготвеност и подолгата клупа дојдоа до израз кај Еуро Табак па од минута во минута предноста беше се поголема. На крајот на натпреварот екипата на Еуро Табак извојува висока победа од 13-3. Мора да напоменеме дека кај Еуро Табак се истакна Ливрински со 7 погодоци.