Лукоил со одлично прво полувреме до сигурна победа над Bestway Solutions

Лукоил 13-5(7-2) Bestway Solutions

Лукоил: Александар Георгиевски 16’ Горан Стојанов 10’14’ 20’ Иван Стојчев 3’ 31’ 35’ 40’ Ангелчо Арсов 25’ Гоце Мојсовски 13’ Петар Лефков 19’ 21’ 32’
Bestway Solutions: Марко Неделковски 2’ 32’ 39’ Петар Стефановски 20’29’

Двете екипи во овој натпревар влегоа со брза игра и со силна желба за победа, екипата на Лукоил притисна кон голот на Bestway Solutions но направи грешка во одбраната па Bestway Solutions поведе со 0-1. Екипата на Лукоил брзо возврати и ја врати резултатската неизвесност со погодокот на Стојчев за 1-1. Во остатокот од полувремето екипата на Лукоил имаше одлична офанзива што им донесе голема предност од 7-2 која Bestway Solutions не можеше да ја достигне до полувремето. Во второто полувреме екипата на Лукоил продолжи со одлчна игра на која Bestway Solutions во овој состав со кратка клупа не можеше да парира. Екипата на Bestway Solutions во второто полувреме имаше одлична серија но предноста на Лукоил од првата половина беше недостижна па Лукоил славеше со 13-5.