Лукоил со пресврт во до победа над Аџибадем Систина

Лукоил 7-6(2-3) Аџибадем Систина

Лукоил: Марјан Цветковски 26’ Дејан Зиков 13’ 36’ Мартин Алаѓозовски 3’ 32’ Гоце Мојсоски 39’ Васко Стефанов 38’
Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 13’ Влатко Кузмановски 26’ Мирослав Неделковски 3’ Диме Стевковски 29’ Ерџан Ибиши 11’ 27’

Ефикасно прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и Аџибадем Систина, прва до водство дојде екипата на Систина уште во 2та минута од натпреварот. Лукоил веќе следната минута со одличен погодок успеа да го израмни резултатот на 1-1. Екипата на Систина успеа да искористи две грешки во одбраната на Лукоил и со одлични погодоци да дојде до золидна предност од 1-3. До крајот на полувремето екипата на Лукоил притискаше кон голот на Систина со цел да дојде до израмнување сепак не успеа до тоа па на паузата се замина со резултат од 2-3. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина продолжи со одлична игра и успеа да ја зголеми предноста од полувремето. Екипата на Лукоил на сите можни начини се обидуваше да ја пронајде својата игра и резултатски да се врати во натпреварот во што успеа па во 38та минута успеаа да дојдат до израмнување и да ги направат последните минути од натпреварот вистинска драма. Во полседните моменти од натпреварот екипата на Лукоил со одличниот погодок на Мојсоски успеа да дојде до победата на резултат од 7-6.