Македонски Телеком и Еуро Табак одиграа реми

Македонски Телеком 1-1(1-1) Еуро Табак

Македонски Телеком: Стефан Наскоски 7’
Еуро Табак: Сашко Јовановски 8’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Македонски Телеком и Еуро Табак, прва во водство дојде екипата на Телеком со одличниот погодок на Насковски во 7та минута. Веќе следната минута екипата на Еуро Табак одговори со погодокот на Јовановски за израмнување на 1-1. До крајот на полувремето и двете екипи имаа свои изгледни шанси да постигнат погодок но не успеаа во таа намера па на полувреме се замина со резултат од 1-1. Во второто полувреме се продложи со висок ритам и жестока борба по целиот терен. Двете екипи имаа по неколку одлични прилики за погодок но голманите со одлични интервенции, особено голманот Поповски за Еуро Табак, ги зачуваа своите мрежи мирни. Како се наближуваше крајот на натпреварот двете екипи го покачуваа темпото на игра и својата шанса ја бараа на грешка на противникот. Но на крајот натпреварот заврши со најреалниот исход 1-1.