Македонски Телеком убедливи во дуелот со Уника

Македонски Телеком 11-3(8-1) Уника

Македонски Телеком: Данило Миладиновски 34’ Михајло Лазаревски 4’ 24’ Роберт Попоски 31’ Стефан Наскоски 20’ Гоце ФИлипов 2’ 7’ 8’Марко Узунов 9’ 11’ Филип Колевски 11’
Уника: Васко Колаков 39’ Тимотеј Нешовски 30’ Томислав Јовановски 11’

Фуриозен старт за екипата на Телеком во дуелот против Уника, со погодоци во 2та, 4та и 7та минута се стекна со комотно водство од 3-0. Екипата на Уника се најде затекната од ова рано водство и во целост им се сруши целата концепција за игра. Екипата на Телеком ова полувреме ја контролираше играта и темпото и од минута во минута го зголемуваше водството за на полувремето да замине со висока предност 8-1. Во второто полувреме иста слика екипата на Телеком целосно го контролираше овој натпрева и покрај одбидите на Уника да ја намали високата негатива. Натпреварот заврши со високи 11-3 за екипата на Телеком.