Макпетрол имаше доволно гориво да го совлада Македонски Телеком

Македонски Телеком 2-7(1-4) Макпертол

Македонски Телеком: Стефан насковски 20’ Џенис Бекир 33’
Макпетрол: Бенер Бекиовски 20’ 30’ Марко Костенцовски 17’ игор Секуловски 20’ 39’ 39’ Горан Новакоски 9’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Македноски Телеком и Макпетрол, уште на самиот старт почнаа да се редат шанси за погодок на двете страни. Екипата на Макпетрол со погодок во 9та минута успеа да го отвори резултатот за водство од 1-0. По оваа негатива екипата на Телеком се префрли на противничко поле и се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на Макпетрол не дозволи изненадување со одлично поставена игра во одбраната. Во последните минути од полувремето се случи вистинска голеада од екипата на Макпетрол која го доби полувремето со 1-4. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра во кој екипата на Телеком со чести ротации на играчи се обиде да фати резултатски приклучок но не успеа да ја најде својата игра а екипата на Макпетрол ја искористи таа можност па рутинирано го приведе натпреварот во своја полза. Карј 2-7.