Марковски со хет-трик го водеше Аптив до победа над А1

Аптив 4-2(1-1) А1

Аптив: Александар Марковски 8’ 23’ 40’ Никола Ќамилов 30’
А1: Трајче Трајковски 19’ Александар Михаловски 23’

Цврст почеток на дуелот помеѓу екипите на Аптив и А1, двете екипи во овој натпревар влегоа со високо темпо на игра и силна желба за победа. Екипата на А1 вршеше притисок кон противничкиот гол но Аптив одлично ја постави својата одбрана и својата шанса за погодок ја бараше преку контра напди. По грешка на одбраната на А1 екипата на Аптив во 8та минута преку Марковски успеа да дојде до водство од 1-0. До крајот на полувремето екипата на А1 вршеше константен притисок кон голот на Аптив што им донесе резултат во 19та минута со погодокот на Траков за израмнување на 1-1 резултат со кој се змина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со цврста игра, екипата на Аптив на самиот старт реализираше за повторно водство во овој дуел но екипата на А1 даде брз одговор па во истата минута израмни на 2-2. Кон средината на второто полувреме екипата на Аптив со одличен погодок на Ќамилов повторно дојде до предност што ја примора екипата на А1 повторно да брка резултат. До крајот на натпреварот екипата на А1 вршеше константен притисок кон голот на Аптив но екипата на Аптив го издржа притисокот и славеше во овој дуел со 4-2.