Матрикс преку Ван Хоол до финале

Матрикс 5-1(3-0) Ван Хоол

Матрикс: Петре Даиловски 9’ 23’ Драган Брњарчевски 11’ 13’ Мирко Богески 40’
Ван Хоол: Владо Здравков 40’

Во второто полуфинале екипите на Матрикс и Ван Холл влегоа претпазливо и првите минути од полувремето поминаа кај што двете екипи ги одмеруваа силите. По овие почетни минути екипата на Матрикс во 9та минута го отвори резултатот и постигна гол. Ова им даде дополнителен мотив па во 11та и 13та минута успеаа да го зголемат водството и да направат солидна предност од 3-0. По ваквата негатива екипата на Ван Хоол беше приморана да ја промени својата игра и да притисне кон противничкиот гол. Ваквата офанзивна игра до полувремето им донесе неколку шанси но не и погодок па на паузата се замина со резултатот од 13та минута 3-0. Во второто полувреме екипата на Ваб Хоол влезе со голман играч во натпреварот со цел да створи вишок во нападот но оваа отворена игра екипата на Матрикс ја искористи за зголемување на водстводо на 4-0 во 23та минута. По ова темпото на игра се смири а екипата на Ван Хоол преку контра напди се обидуваше да ја изненади екипата на Матрикс.Од екипата на Ван Хоол Белчовски имаше неколку прекрасни шутеви но голманот на Матрикс беше на ниво на задачата па успешно ја бранеше својата мрежа. До крајот на натпреварот екипата на Ван Хоол успеа да постигне гол и да ја намали разликата но екипата на Матрикс не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 5-1.