Матрикс со тимска игра до влез во финале

Матрикс 5-3(1-1) Рамстор

Матрикс: Драган Брњарчевски 28’ Петре Даиловски 1’ 30’ 32’ 37’

Рамстор: Енис Мурселов 24’ Михрем Мемед 12’ Ведат Арслан 37’

Одличен старт за екипата на Матрикс во дуелот со екипата на Рамстор, уште на самиот старт во почетната минута од натпреварот екипата на Матрикс успеа да постигне погодок за водство од 1-0. Оваа негатива за екипата на Рамстор значеше силен пристисок кон голот на Матрикс со цел да дојдат до израмнување, што им успеа во 12та минута за резултат од 1-1. Во преостанатиот дел од полувремето се биеше жестока битка на секоја педа од теренот во рамките на фер-плеј играта, и покрај многуте шанси за погодок двете екипи имаа слаба реализација па на полувремето се замина со резултат од 1-1. Добар старт во вториот дел за екипата на Рамстор со погодок на нивниот голман Мурселов во 24та минута за водство од 1-2. По ова следуваа перфектни минути за екипата на Матрикс па со погодоците на Брњарчевски во 28та минута за израмнување на 2-2 и Даиловски со хет трик за преднос од 5-2. До крајот на натпреварот екипата на Рамстор успеа да постигне погодок и да го намали водството на 5-3, но немаше доволно сили да стори нешто повеќе па победата ја однесе екипата на Матрикс за влез во финалето.