Матрикс со тимска игра до сигурна победа над ЈП Водовод

ЈП Водовод 5-12(3-4) Матрикс

ЈП Водовод: Јакуп Зекири 15’ Стефан Вангелски 19’ 40’ Стојанче Ивановски 19’ 40’
Матрикс: Петре Даиловски 7’ 8’ 31’ Мирко Богески 25’ 26’ Антонио Богдановски 9’ Ивица Алампиоски 2’ 21’ 23’ Симеон Коцевски 34’ Тони Брњарчевски 39’ 40’

Одличен почеток за екипата на Матрикс во дуелот со ЈП Водовод, екипата на Матрикс во овој натпревар влезе со силно темпо на игра и желба за победа. Резултатот го отворија уште во 2та минута со погодокот на Алампиоски, а на него се надовразаа и Даиловски со два погодоци и Богдановски со еден со што екипата на Матрикс направи солидна предност. Екипата на ЈП Водовод ги консолидира своите редови притисна во предно поле и со три погодоци во завршницата на полувремето успеа да дојде до само еден гол негатива за резултат од 3-4 на паузата. Во второто полувреме екипата на Матрикс продолжи со одличната игра и ги искористи сите грешки кај противникот. Екипата на ЈП Водовод имаше неколку одлични погодоци, но сепак екипата на Матрикс ја скрши одбраната на противникот и од минута во минута го зголемуваше водството кое на крајот од натпреварот изнесуваше 5-12