Осврт на петнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Петнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Македонски Телеком и ЕВН

Содржинско прво полувреме одиграа екипите на Македноски телеком и ЕВН, уште на самиот старт двете екипи наметнаа високо темпо на игра и се редеа шанси за гол на двете страни. Прва во водство дојде екипата на Телеком во 4та минута со голот на Наскоски, по ова следуваше брз одговор на екипата на ЕВН која со погодок на Илиевски во 6та минута го израмни резултатот на 1-1. До крајот на полувремето и двете екипи има свои одлични периоди на игра, а екипата на Телеком по еден прекин во 19та минута успеа да искористи кикс на одбраната на ЕВН и да постигне погодок за водство на полувремето од 2-1. Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра екипата на ЕВН се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок со цел да дојде до израмнување, таквата офанзивна игра ги остави ранливи во одбраната што знаеше да го искористи екипата на Телеком која во 33та минута успеа да го зголеми водството на 3-1. До крајот на натпреварот екипата на ЕВН имаше и предност со играч повеќе но не ја искористи таа прилика за да го намали водството па го загуби овој натпревар со 3-1.

Стрелци на головите беа:
Македонски Телеком: Стефан Наскоски 4’ 33’ Михајло Лазаревски 19’
ЕВН: Томи Илиевски 6’

Гранит со одлично второ полувреме до победа над Аџибадем Систина
Ефикасно прво полувреме ни приредија екипите на Гранит и Аџибадем Систина, екипата на Систина одлично го отвори овој натпревар со гол во првата минута по ова следуваше брз одговор на екипата на Гранит кои во 4та минута успеаа да направат целосен пресврт. До крајот на полувремето беше вистинска бркотница по теренот во која екипите наизменично се менуваа во водството за на крајот да се замине со 4-4 на паузата. На стартот од вториот дел екипата на гранит успеа да постигне погодок и да го превземе водството, по ова екипата на Систина се доведе до ситуација да брка резултат па мораше да фрли се на една карта и да тргне со сите сили во напад. Систина успеа во 28та минута да го израмни резултатот, но по ова следуваше одличен период на екипата на Гранит во кој успеа да го превземе водството и да створи солидна разлика која ја зачува до крајот на натпреварот за победа од 11-7

Стрелци на головите беа:
Гранит: Дарко Петровски 40’ Дарко Стојановски 12’ 23’ 34’ 35’ Сашо Каровски – Џуме 17’ Пепи Мицев 4’ 35’ 37’ 39’ Ристе Бошев 4’
Аџибадем Систина: Горан Манов 6’ Далибор Дамјановски 28’ 40’ Кристијан Димковски 12’ 14’ 33’ Мирослав Неделковски 1’

Маркарт преку контра напади до победа над Уни Банка
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Уни Банка и Маркарт, воведните минути и припаднаа на екипата на Маркарт во кој успеаа да се стекнат со водство од 0-2 со головите во 2та и 4та минута. По оваа негатива екипата на Уни Банка се префрли на противничко поле и вршеше жесток притисок со цел да фати резултатски приклучок, тоа им успеа во 11та минута со голот на Орозовски. До крајот на полувремето екипата на Уни Банка имаше уште неколку изгледни прилики за израмнување но покажа слаба реализација па на полувремето екипата на Маркар успеа да замине со предност од 1-2. На стартот од второто полувреме екипата на Маркарт успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 1-3. По оваа негатива на екипата на Уни Банка не и преостануваше ништо друго освен да се префрли на противничко поле и жестоко да напаѓа со цел да фати резултатски приклучок. Екипата на Маркарт одлично ја постави својата игра во одбраната и не и остави простор за игра на екипата на Уни Банка, а преку контра напади спеваше да ги казнува за победа во овој натпревар за високи 2-6.

Стрелци на головите беа:
Уни Банка: Зоки Мицев 28’ Ивица Орозовски 11’
Маркарт: Александар Ристовски 4’ Александар Јаневски 9’ 22’ Пеце Стојанов 29’ 39’ Димче Шојлев 40’

WP Data Tables

Џонсон Мети во второто полувреме до победа над Уника
Израмнето прво полувреме во жесток ритам на игра одиграа екипите на Уника и Џонсон Мети, првата фаза од полувремето и припадна на екипата на Уника која со голови во 3та и 8ма минута се стекна со предност од 2-0. По оваа негатива екипата на Џонсон Мети се префрли на противничко поле и вршеше жесток притисок кон голот на Уника што вроди со плод, т.е. голови во 15та и 16та минута за израмнување на 2-2 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра, бескомпромисна борба на секоја педа од теренот. Двете екипи имаа свои одлични периоди на игра и креираа шанси за погодок но имаше слаба реализација па резултатот остана непроменет и се влезе во неизвесна завршница. Во финишот од натпреварот сепак екипата на Џонсон Мети беше таа која успеа да реализира и да ги однесе бодовите со резултат од 2-3

Стрелци на головите беа:
Уника: Арбен Нухиу 3’ Шабан Чупи 8’
Џонсон Мети: Бојан Дејановски 15’ Бране Стојановски 35’ Александар Недев 16’

С.Ц. Борис Трајковски со пресврт до победа над ЕЛЕМ
Екипата на ЕЛЕМ одлично го отвори натпреварот против екипата на С.Ц. Борис Трајковски со погодокот на Апостоловски во 2та минута. Овој рано постигнат погодок го подигна темпото на игра и настана вистинска бркотница по теренот во која екипата на С.Ц. Борис Трајковски атакуваше на израмнување. Екипата на ЕЛЕМ одлично ја постави играта во одбраната, и покрај многуте шанси за погодок на екипата ан С.Ц. Борис Трајковски успеа да одолее на притисокот и да го добе ова полувреме со резултат од 1-0. Во второто полувреме видовме една нова екипа на С.Ц. Борис Трајковски која влезе многу мотивирано и за само неколку мнути успеа да постигне три погодоци и да го превземе водството во натпреварот. До крајот на натпреварот екипата на ЕЛЕМ со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок во што и успеа во 34та минута да намали на 2-3 и да ја направи завршницата неизвесна. Во таквата завршница екипата на С.Ц. Борис Трајковски успеа да ја задржи предноста и да го добие натпреварот со 2-3

Стрелци на головите беа:
ЕЛЕМ: Ивица Апостоловски 2’ Сенвет Реџепи 34’
С.Ц. Борис Трајковски: Горан Андоновски 26’ Оливер Китановски 24’ 28’

Во неизвесна завршница Лукоил и L.C. Waikiki ги поделија бодовите
Екипата на Лукоил уште на самиот старт ја превзеде иницијативата и со гол во 2та минута успеа да го превземе водството. По ова екипата на L.C. Waikiki со чести ротации на играчи се обидуваше да ја најде својата игра и тргна во офанзива по израмнување, таквата отворена игра остави пукнатини во одбраната што Лукоил вешто го искористи за уште еден погодок и водство од 2-0 на полувремето. Во второто полувреме иста слика екипата на L.C. Waikiki беше таа која што брка резултат, тие успеаа да постигнат погодок и да се вратат резултатски во натпревароти да ја направат оваа завршница вистинска драма. Во ваквата завршница двете екипи ги поделија бодовите на резултат од 3-3.

Стрелци на головите беа:
Лукоил: Дејан Зиков 2’ Лоренцо Николовски 16’ 31’
L.C. Waikiki: Стефан Цветановски 29’ Фуркан Фетаи 38’ 39’

Сава Осигурување на крилата на Марковски до победа над ЈСП
Првиот дел од полувремето во целост и припадна на екипата на ЈСП која имаше целосна контрола врз играта што резултираше со водство од 3-0 во 10та минута. По ова екипата на Сава Осигурување беше приморана да се префрли на противничката половина и да врши посилен притисок кон голот на ЈСП како би фатила резултатска приклучок, тоа им успеа во 11та минута со голот на Глигуровски. До крајот на полувремето екипата на Сава Осигурување притискаше и успеа да постигне уште еден погодок и да се приблии на само гол негатива, но сепак екипата на ЈСП успеа да го издржи притисокот и на полувремето замина со предност од 3-2. Во второто полувреме се продолжи во високо темпо на игра во кое екипата на Сава Осигурување ја имаше повторно улогата на екипа која го брка резултатот. Тие со одлично организирана игра успеаа да создадат неколку шанси за погодок а успеаа да дојдат до израмнување во 30та минута со голот на Марковски. Последните минути од натпреварот беа вистинска бркотница во која поуспешна беше екипата на Сава Осигурување која го доби овој дуел со резултат од 4-6.

Стрелци на головите беа:
ЈСП: Сашо Георгиев 6’ Даниел Антовски 9’ Сабит Хусеини 10’ 32’
Сава Осигурување: Јовица Марковски 30’ 33’ 34’ 35’ Коста Глигуровски 11’ 15’

Фабрика Карпош – ГИМ со одлична игра до победа над МЕПСО
Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Фабрика Карпош – ГИМ и МЕПСО одмина во мирен ритам на игра во кој и двете екипи ги одмеруваа силите, па играчите со соло акции со удари од далечина се обидуваа да сторат нешто повеќе. Како одминуваше времето екипата на Фабрика Карпош – ГИМ ја превзеде иницијативата и вршеше жесток притисок кон голот на МЕПСО што вроди со плод со голови постигнати во 10та и 13та минута и водство од 2-0. До крајот на полувремето екипата на МЕПСО се обидуваше да постигне погодок и резултатски да се врати во игра но екипата на Фабрика Карпош – ГИМ со одлична игра во фаза на одбрана и напад не и остави многу простор за игра и го доби ова полувреме со резултат од 2-0. Во второто полувреме екипата на МЕПСО фрли се на една карта и тргна во тотална офанзива, но таквата отворена игра ја направи нивната одбрана ранлива што екипата на Фабрика Карпош – ГИМ вешто го искористи и преку контра напади успеа да ја зголемува предноста за конечна победа од 6-3.

Стрелци на головите беа:
Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 13’ 21’ 39’ 39’ Александар Бошев 10’ 23’
МЕПСО: Борис Трајковски 33’ 37’ 40’

WP Data Tables

Вип беа убедливи со дуелот со Алкалоид
Одлично прво полувреме ни прикажаа екипите на Алкалоид и Вип, екипата на Вип уште на самиот старт ја превзеде иницијативата и се префрли на противничко поле што резултираше со предност од 1-0 во 9та минута. По ова екипата на АЛкалоид се префрли во противничко поле вршејќи силен притисок како би дошле до израмнување но екипата на Вип одлично ги затвори сите приоди кон својот гол и преку брзи контра напади успеваше да ја казнува екипата на Алкалоид, па на полувреме да замине со висока предност од 0-4. На стартот од второто полувреме екипата на Алкалоид започна со целосна офанзива обидувајќи се да ја намали високата предност на Вип од полувремето, но екипата на Вип на својот гол го имаше расположениот Јанакиевски кој со своите одлични интервенции ја спречи екипата на Алкалоид резултатски да се доближи и да го направи овој натпревар неизвесен. На крајот овој натпревар го доби екипата на Вип со висока предност од 4-9.

Стрелци на головите беа:
Алкалоид: Дениз Салковиќ 34’ 40’ Бобан Митевски 30’ 33’
Вип: Ненад Богдановиќ 9’ 34’ Мартин Ангеловски 31’ 33’ Мартин Тодоровски 9’ 15’ 21’ Иле Никодиновски 13’ Васе Дојчинов 30’

Макпетрол со цврста одбрана и брз напад до победа над Окта
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Окта и Макпетрол, уште на самиот почеток на натпреварот екипата на Макпетрол ја превзеде иницијативата и започна со својата препознатлива игра со многу комбинаторика која им донесе рано водство уште во 4та минута. Екипата на Окта по оваа негатива започна со поагресивна игра во фаза на одбрана и напад обидувајќи се да дојде до израмнување, но екипата на Макпетрол со одлична игра пред се во одбраната не остави простор за игра на екипата на Окта, а како одминуваше времето екипата на Макпетрол преку контра напади ја казнуваше Окта за предност од 0-4 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Окта со честа промена на тактиката и со голман играч во фаза на напад се обидуваше да створи вишок како би го намалила високото водство на Макпетрол од полувремето, но екипата на Макпетрол со беспрекорна игра во сите сегменти на фудбалската игра го доби овој натпревар со високи 0-9.

Стрелци на головите беа:
Макпетрол: Илчо Филиповски 33’ Ибраим Исмаили 16’ 20’ 31’ Бенер Бекиовски 25’ Мишо Ѓоргиевски 4’ Александар Мишовски 22’ Марко Костенцовски 14’ 40’

Матрикс со победа над Пекбеско ја продолжи победничката серија
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и Пекабеско, првиот дел од полувремето и припадна на екипата на Пекабеско која го изненади противникот со офанзивна игра од самиот старт, што вроди со плод во 9та минута. По оваа негатива екипата на Матрикс се префрли на противничко поле и вршеше силен притисок кон голот на Пекабеско и за само неколку минути со одлични погодоци успеа да направи целосен пресврт и да го добие полувремето со 4-1. На отварањето на второто полувреме екипата на Матрикс успеа да постигне погодок за уште поголемо водство што не ја демотивира екипата на Пекабеско која успеваше да најде против игра и да фати резултатски приклучок но немаше доволно сила за целосен пресврт против денес расположената за игра екипа Матрикс која го доби овој дуел со 8-6

Стрелци на головите беа:
Матрикс: Никола Христовски 15’ 22’ 35’ Драган Брњарчевски 20’ 38’ Ивица Алампиоски 16’ 18’ 33’
Пекабеско: Андрија Периќ 25’ Мартин Здравевски 9’ 32’ Стефан Благојевски 37’ 40’ 40’

Во неизвесна завршница Еуро Табак подобри од Рамстор
Прво полувреме исполнето со многу шанси, атрактивни потези и жестока борба по целиот терен. Воведните минути од натпреварот и двете екипи ги одиграа во “грч“ оставајќи на противникот да ја превземе иницијативата. Екипата на Еуро Табак во 9та минута од натпреварот со погодокот на Ливрински успеа да го превземе водството на 1-0. По ова екипата на рамстор беше приморана да се префрли на противничко поле и да го зголеми притисокот кон противничкиот гол, што резултираше со изедначување на 1-1 во последната минута од полувремето. Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра, екипата на Еуро Табак преку денес расположениот за игра Ливрински успеа да создаде солидно водство 4-1. Екипата на Рамстор не се одкажуваше лесно од овој натпревар со упорна игра успеа да се доближи на гол негатива до 38та минута и да ги направи последните минути од натпреварот вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Еуро Табак успеа да се одбрани од нападите на Рамстор и да го добие овој дуел со резултат од 5-4.

Стрелци на головите беа:
Еуро Табак: Фили Поповски 28’ Мартин Ливрински 8’ 23’ 5’ 26’
Рамстор: Михрем Мемед 30’ Елдин Бихорац 20’ Азрет Абаз 40’ Зекир Шакири 34’

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Мартин Ливрински (Еуро Табак) 4 гола
– Кристијан Панев (Фабрика Карпош – ГИМ) 4 гола
– Пепи Мицев (Гранит) 4 гола
– Јовица Марковски (Сава Осигурување) 4 гола
– Мартин Тодоровски (Вип) 3 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа: Кристијан Димковски (Аџибадем Систина), Фуркан Фетаи (L.C. Waikiki), Ибраим Исмаили (Макпетрол), Стефан Насковски (Македонски Телеком), Александар Јаневски (Маркарт

Екипа на колото: L.C. Waikiki
Тренер на колото: Златко Атанасовски (Маркарт)
Голман на колото: Коте Јанакиевски (Вип)