Осврт на седмото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките на седмото коло од Бизнис Лигата на Македонија, беа одиграни 11 одлични натпревари а еден натпревар беше регистриран со службен резултат

Табелата после ова коло изгледа вака:

Ван Хоол со одлично второ полувреме дојде до сигурна победа над ЕВН
Ван Хоол 8-3(2-1) ЕВН
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 24’ Ненад Саздовски 31’ Стефан Станојковиќ 7’ 28’ 30’ 34’ Филип Никодиновски 36’ Петре Даиловски 9’
ЕВН: Ајет Новобрдалија 15’ Хамза Јашари 38’ 40’

Џонсон Мети немаше доволно сили за пресврт во дуелот со ЕЛЕМ
ЕЛЕМ 6-5(3-3) Џонсон Мети
ЕЛЕМ: Аврамовски Александар 11’ 24’ Влатко Петровски 26’ Никола Мицевски 11’ 24’ 29’
Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 38’ 39’ Никола Николовски 13’ Стефан Јовановски 20’ Никола Чаушевски 19’

УНИКА предводена од Нухиу со 4 гола дојде до победа над DHL
УНИКА 9-3(5-1) DHL
УНИКА: Васко Кокаланов 19’ Арбен Нухиу 9’ 13’ 28’ 34’ Беким Љута 11’ 32’ Шабан Чупи 7’ 32’
DHL: Иван Алексовски 30’ Филип Јаневски 16’ Мартин Каровски 26’

Дуото Лазаревски – Ѓалевски му донесоа победа на Интертек во дуелот со Спорт Лајф
Спорт Лајф 2-8(1-4) Интертек
Спорт Лајф: Ерсан Ајвазовски 24’ Трендафил Атанасовски 11’
Интертек: Мартин Лазаревски 4’ 9’ 28’ 31’ Дарко Костадинов 32’ Стефан Ѓалевски 3’ 5’ 30’

Божиков – Николовски ја водеа Фабрика Карпош – ГИМ до победа над ЈП Дрисла
Фабрика Карпош – ГИМ 6-4(2-2) ЈП Дрисла
Фабрика Карпош – ГИМ: Георги Божиков 3’ 10’ Славчо Мирчевски 40’ Игор Николовски 24 ‘26’ 39’
ЈП Дрисла: Бесник Шакири 30’ 40’ Расим Исмани 13’ Ридван Демири 5’

Шпаркасе Банка со колективна игра до победа над Аптив
Аптив 3-6(2-3) Шпаркасе Банка
Аптив: Александар Марковски 11’ Дамјан Хрдличка 28’ Владимир Јовановски 15’
Шпаркасе Банка: Јован Касутевски 35’ Стојанчо Јосифовски 12’ Христијан Тодоровски 30’ Филип Чижбановски 8’ 24’ Никола Пановски 13’

Лукоил со гол во последната минута славеше над Гранит
Лукоил 3-2(1-1) Гранит
Лукоил: Горан Стојанов 22’ 40’ Петар Лефков 14’
Гранит: Мартин Фотевски 15’ Мартин Ристовски 32’

Аџибадем Систина со пресврт до победа над ЈСП
ЈСП 2-3(0-0) Аџибадем Систина
ЈСП: Васко Мирчевски 23’23’
Аџибадем Систина: Диме Стевковски 25’ 28’ Златко Бошковски 37’

Bestway Solutions со одлично второ полувреме дојде до победа над Сава Осигурување
Bestway Solutions 8-4(1-1) Сава Осигурување
Bestway Solutions: Ненад Стојановски 40’ Марко Неделковски 13’ Петар Стефановски 25’ 25’ 28’ 30’ 31’ Филип Зоксимовски 39’
Сава Осигурување: Решат Рахмани 16’ Коста Глигуровски 39’ Јане Петровски 29’ 30’

Во неизвесен натпревар Матрикс подобри од Пивара Скопје
Матрикс 3-2(2-1) Пивара Скопје
Матрикс: Антонио Богдановски 7’ Ивица Алампиоски 37’ Предраг Стојмирович 19’
Пивара Скопје: Марко Магденовски 3’ Влатко Трпковски 36’

Халк Банка со тимска игра до сигурна победа над Окта
Халк Банка 10-5(5-3) Окта
Халк Банка: Дарко Крстевски 10’ Мартин Дамески 1’ 8’ 31’ 33’ Алпер Тахир 31’ 35’ Игор Стојановски 9’ Самир Вели 7’ Марјан Атанасовски 26’
Окта: Тино Трајковски 4’ 13’ 20’ Живко Котевски 22’ Славче Стојковски 39’

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Мартин Лазаревски (Интертек) 5 гола
– Петар Стефановски (Bestway) 5 гола
– Стефан Станојковиќ (Ван Хоол) 4 гола
– Мартин Дамевски (Халк Банка) 4 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Никола Мицевски (ЕЛЕМ), Игор Николовски (Фабрика Карпош – ГИМ), Тино Трајковски (Окта), Валерија Валјак (Спорт Лајф), Ѓеорги Божиков (Фабрика Карпош – ГИМ), Васко Кокаланов (УНИКА)

Екипа на колото: Халк Банка
Тренер на колото: Амел Аломеровиќ (Аџибадем Систина)
Голман на колото: Стојанчо Јосифоски (Шпаркасе Банка)
Натпревар на колото: ЕЛЕМ 6-5(2-3) Џонсон Мети