Осврт на седмото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките на седмото коло од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни 9 натпревари. Во ова коло дел од натпреварите започнаа со едноминутен молк во чест на загинатите во тешката сообраќајна несреќа која ја потресе нашата држава. Се играше квалитетен фудбал полн со пресврти и изненадувања па дури и победоносен гол во последната секунда.
Натпреварите се играа по следниоов распоред:

С.Ц. Борис Трајковски со целосен пресврт до победа на ЕВН
ЕВН 3-5(3-2) С.Ц. Борис Трајковски

Во динамичен натпревар ЈП Водовод и Џонсон Мети ги поделија бодовите
ЈП Водовод 4-4(1-3) Џонсон Мети

Груевски гo водеше ЕЛЕМ до победа над ЈП Дрисла
ЈП Дрисла 3-8(0-5) ЕЛЕМ

Гранит со тимска игра до сигурна победа над Спорт Лајф
Спорт Лајф 4-10(2-4) Гранит

Шпаркасе Банка со голман играч до победа над Пивара Скопје
Шпаркасе Банка 7-3(3-0) Пивара Скопје

Матрикс со високо темпо на игра до победа над ЈСП
ЈСП 1-9(1-3) Матрикс

Со погодок во последната секунда ТЕМАТО славеше над Фабрика Карпош – ГИМ
Фабрика Карпош – ГИМ 4-5(2-2) ТЕМАТО

Во ферплеј натпревар Лукоил подобри од А1
Лукоил 7-2(4-1) А1

Џојсон Сејфти Системс со одлична реализација до сигурна победа над Уни Банка
Уни Банка 1-16(0-10) Џојсон Сејфти Системс

WP Data Tables

Ова коло се истакнаа следните поедници:
– Вецко Вренцоски (Џојсон Сејфти Системс) 6 гола
– Владимир Мојсовски (С.Ц.Б.Т.) 4 гола
– Тихо Груевски (ЕЛЕМ) 5 гола
– Стојанчо Јосифовски (Шпаркасе Банка) 4 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:

Петре Даиловски (Матрикс), Ненад Антовски (Гранит), Аце Димитровски (Гранит), Ивица Алампиоски (Матрикс), Стојанче Ивановски (ЈП Водовод), Мерис Халитовиќ (ТЕМАТО), Александар Божиков (Фабрика Карпош – ГИМ), Антонио Фенов (Лукоил), Борче Аргилоски (Џојсон Сејфти Системс)

Екипа на колото: ЕЛЕМ
Тренер на колото: Христијан Стојановски (Џонсон Мети)
Голман на колото: Горан Манасиевски (Матрикс)