Осврт на седумнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките на седумнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни 11 натпревари полни со пресврти, изненадување и прекрасни погодоци и едне натпревар беше регистриран со службен резултат.

Во првиот натпревар силите ги одмерија екипите на Македонски Телеком и Уни Банка.
Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Уни Банка и Македонски Телеком, прва до водство дојде екипата на Телеком преку одличен погодок на Лазаревски во 3та минута. Ова рано водство ја примора екипата на Уни Банка да го подигне темпото на игра и да се префрли на противничката половина, но екипата на Телеком имаше одлична игра во одбраната и не и дозволуваше Уни Банка да дојде до израмнување. Во финишот од полувремето екипата на Уни Банка успеа да искористи грешка во одбраната на Телеком за израмнување на 1-1 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Уни Банка успеа да постигне брз погодок и да направи целосен пресврт во натпреварот. По ова екипата на Телеком во игра внесе голман играч како би добила вишок во нападот што вроди со плод и за кратко време успеа да се врати во натпреварот да го превземе водството и да го добе овој дуел со резултат од 3-5.
Стрелци на головите беа:
Уни Банка: Марко Ташков 23’ Александар Кузинаков 40’ Ивица Орозовски 20’
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 3’ Стефан Насковски 35’ Даниел Анчевски 30’ 37’ Садики Тасим 29’

Маџовски ја предводеше екипата на ЕВН до победа над ЕЛЕМ
Екипите на ЕЛЕМ и ЕВН одиграа прво полувреме кое изобилуваше со отворен фудбал. И двете екипи целосно го имаа ставено акцентот на играта во нападот па доаѓаа до изгледни шанси за гол, се играше израмнето гол за гол се до 15та минута кога кај ЕВН проработе Маџовски кој со два погодоци го однесе ЕВН со резултатска предност од 2-4 на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ успеа да го израмни резултатот на 4-4, но екипата на ЕВН имаше своја вечер и со одлично контролиран напад и перфектна реализација дојде до победа од 5-7
Стрелци на головите беа:
ЕЛЕМ: Селвет Речепи 2’ Златко Станковски 12’ Влатко Петровски 22’ 25’ Ристе Стефановски 35’
ЕВН: Вилијам Митев 5’ 38’ Бојан Маџовски 16’ 19’ 32’ Томи Илиевски 17′ 26’

Гранит со голман играч дојде до победа над L.C. Waikiki
Екипата на Гранит со максимално сериозен пристап уште на самиот почеток настапи во дуелот со L.C. Waikiki, со одлична тактичка поставеност и голман играч од самиот старт успеа да го изненади L.C. Waikiki и стекне висока предност од 5-0 до полувремето. Во второто полувреме екипата на L.C. Waikiki со чести измени во играчкиот кадар се обиде да се врати во натпреварот но предноста која ја направи Гранит во првото полувреме беше клучна за победата на овој натпревар со резултат од 7-3
Стрелци на головите беа:
Гранит: Стефан Тевдовски 18’ 36’ Дарко Петров 10’ 15’ Николче Глигуровски 6’ 23’ Пепи Мицев 17’
L.C. Waikiki: Фуркан Фетаи 39’ Едит Салковиќ 37’ Мухамед Амети 22’

Реми за ЈСП и Маркарт
Екипата на Маркарт одигра перфектно прво полувреме во дуелот со ЈСП. Во текот на целотоп полувреме играа колективно и ваквата тимска игра вроди со плод па на полувремето замина со предност од 0-3. ЈСП во првото полувреме не можеше да ги поврзе своите редови па го заврши полувремето без постигнат погодок. Второто полувреме екипата на ЈСП го започна со Србиновски како голман играч со што добија играч вишок во нападот кој успеаа да го искористат за да дојдат до израмнет резултат од 3-3 во средината на полувремето. Во понатамошниот дел од натпреварот се играше вистински дерби натпревар кој беше крајно израмнет во ваквата игра гол за гол на крајот и двете екипи ги поделија бодовите на 5-5.

Стрелци на головите беа:
ЈСП: Дејан Блажевски 30’ Томи Петковски 25’ 35’ Маријан Србиновски 21’ 31’
Маркарт: Фљурим Бахтијари 33’ Александар Ристовски 11’ 18’ 34’ Пеце Стојанов 20

Тимотеј Нешовски ја предводеше Уника до победа над МЕСПО
Екипата на МЕПСО уште во првата минута од натпреварот дојде до водство од 1-0 со што ја изненади екипата на Уника. По ова рано водство екипата на Уника преку Граинца успеа да израмни на 1-1, по што следеше егал натпревар. Во самиот финиш од првото полувреме Уника со два погодоци на Нешовски резултатски се одвои на 3-1. Во второт полувреме екипата на МЕПСО се обидуваше да фати резултатски приклучок но Уника со константо добра игра не го дозволуваше тоа и стигна до победа на овој натпревар од 5-3.
Стрелци на головите беа:
Уника: Тимотеј Нешовски 16’ 20’ 40’ Бенјамин Граинца 10’ 28’ Даниел Стојковски 23’
МЕПСО: Гоце Димоски 1’ Борис Трајковски 35’ Александар Боцевски 31’

Алкалоид и С.Ц. Борис Трајковски ги поделија бодовите
Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на Алкалоид и С.Ц. Борис Трајковски со погодоци уште во раната фаза од полувремето. Прва до водство дојде екипата на Алкалоид со погодок во 5та минута а само минута подоцна успеа да го зголеми водството на 2-0. Оваа разлика ја примора екипата на С.Ц. Борис Трајковски да го подигне темпото на игра и да се префрли на противничката половина што вроди со плод па до 14та минута од полувремето успеа да дојде до целосен пресврт. Во последните минути од натпреварот екипата на Алаклоид успеа да реализира за реми на паузата од резултат од 3-3. Во второто полувреме екипата на Алкалоид успеа да искористи грешка во одбраната на С.Ц. Борис Трајковски и повторно да го превземе водството на 4-3. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски се обиде со голман играч во фаза на напад да створи играч вишок во нападот што вроди со плод па во последните две минути од натпреварот се влезе со израмнет резултат од 5-5, во ваквата егал завршница ниту една од екипите не успеа да реализира па на крајот ги поделија бодовите.
Стрелци на головите беа:
Алкалоид: Стефан Димовски 5’ 30’ Сунај Љазми 6’ Кристијан Арсовски 16’ Дениз Салковиќ 36’
С.Ц. Борис Трајковски: Влахо Костов 7’ Јован Димовски 9’ 14’ Александар 39′ Оливер Китановски 40′

Во нафташкото дерби Лукоил поуспешни од Макпетрол
Нафташкото дерби го отвори екипата на Макпетрол во 2та минута преку голот на Ѓоргиевски, по што следеше отворен фудбал и на двете страни кој изобилуваше со доста креативни потези. Еккипата на Макпетрол во 16та минута преку контра напад кој го реализираше бекиоски го зголеми водството на 0-2. За да во самиот финиш од полувремето екипата на Лукоил да намали на 1-2 преку Николовски. Во второто полувреме екипата на Лукоил успе да ги косолидира своите редови и влезе во егал натпревар овој натпревар во ваква поставеност го одличуваа нијанси. Се играше гол за гол кога во 35та минута Алаѓозовски постигна погодок кој му донесе предност на Лукоил во самиот финиш. Екипата на Макпетрол се обиде со голман играч да стори нешто повеќе но не успеа во таа намера па Лукоил ги однесе бодовите со резултат од 4-3.
Стрелци на головите беа:
Лукоил: Мартин Алаѓозовски 35’ Лоренцо Николовски 18’ Антонио Фенов 24’ 25’
Макпетрол: Бенер Бекиовски 16’ Мишо Ѓоргиевски 2’ 28’

Екипата на Матрикс доминираше во дуелот со Сава Осигурување
Дуелот помеѓу екипата на Матрикс и Сава Осигурување го облежа апсолутната доминација на екипата на Матрикс. Во текот на целиот напревар Матрикс целосно ја имаше контролата и со одлично поставена напад и одбрана од минута во минута стекнуваше резултатска предност. Екипата на Сава Осигурување натпреварот го играше со скратен состав практично без замена со што на вака расположената екипа на Матрикс не можеше да и парира. Матрикс овој натпревар го доби со 13-5, на полувремето резултатот беше 5-1.
Стрелци на головите беа:
Матрикс: Никола Христовски 14’ 15’ 30’ Драган Брњарчевски 8’ 24’ Петре Даиловски 7‘ 28’ 31“ 36’ Антонио Богдановски 16’ 23’ 40’ Мирко Богески 39’
Сава Осигурување: Јовица Марковски 8’ 29’ 32’ 38’ Данило Апостолски 27’

Во израмнет натпревар Фабрика Карпош – ГИМ и Рамстор ги поделија бодовите
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Рамстор. Прва до водство дојде екипата на Фабрика Карпош уште во втората минута од полувремето, ова рано водство ја примора екипата на Рамстор да го подигне темпото на игра и да се префрли на противничката половина што резултираше со комплетен пресврт од 1-2. Во финишот од полувремето екипата на Фабрика Карпош успеа да реализира за изедначен резултат на полувремето. Во второто двете екипи продолжија во високото темпо на игра, на двете страни имаше многу шанси за гол но слаба реализација, се до 32та минута кога Рамстор искористи грешва во одбраната на Фабрика Карпош за повторно да го превземе водството и резултат од 2-3. Во последната минута од натпреварот екипата на Фабрика Карпош преку Панев успеа да реализира и да дојде до реми. Крај 3-3
Стрелци на головите беа:
Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 2’ 40’ Александар Божиков 19’
Рамстор: Ибрахим Бекир 10’ Тугај Зекир 18’ Енгин Мемеди 32’

Еуро Табак преку Ливрински до победа над ВИП
Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на Еуро Табак и ВИП, и на двете страни се играше цврс фудбал на ивица на фаул. Одбраната на двете екипи им беше во преден план и беа максимално сконцентрирани на неа. Двете екипи успеа да постигнат по еден гол и со израмнет резултат да заминат на паузата. Во второто полувреме екипата на Еуро Табак ги поврза своите редови во нападот и со колективна игра успеа да направи резултатска предност од 2 погодоци која беше недостижна за екипата на ВИП. Мора да напоменеме Ливрински имаше своја вечер и беше еден од најзаслужните за победата на Еуро Табак од 4-2.
Стрелци на головите беа:
Еуро Табак: Мартин Ливрински 16’ 24’ 36’ Дејна Јанковски 31’
Вип: Ненад Богдановиќ 15’ Васко Дојчинов 26’

Окта и Пекабеско одиграа израмнет натпревар
Во првото полувреме екипата на Окта во раната фаза од натпреварот успеа да постигне гол со што најави добра игра во дуелот со Пекабеско. Екипата на Пекабеско успеа да дојде до израмнување но екипата на Окта имаше одговор за водство од 2-1 резултат со кој се отиде на полувремето. Во раната фаза од второто полувреме екипата на Окта со одлична игра и перфектна реализација успеа резултатски да се одлепи, по што екипата на Пекабеско во своите редови внесе голман играч, тактичка измена која вроди со плод со што успеа да го израмни на 5-5 резултат со кој заврши натпреварот.
Стрелци на головите беа:
Окта:Драганче Стојановски 25’ 30’ Драганчо Ѓорѓиевски 9’ Живко Котевски 2’ Александар Јовчевски 23’
Пекабеско: Бобан Вујиќ 40’ Александар Арсиќ 7’ Марко Ѓоргиевски 16’ Стефче Стојановски 33’ 34’

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Петре Даиловски (Матрикс) 4 гола
– Бојан Маџовски (ЕВН) 3 гола
– Александар Ристовски (Маркарт) 3 гола
– Дарко Петров (Гранит) 2 гола
– Никола Христовски (Матрикс) 3 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа: Трајче Илиевски (Сава Осигурување), Александар Божиков (Фабрика Карпош – ГИМ), Никола Христовски (Матрикс), Тимотеј Нешовски (Уника), Даниел Анчевски (Македонски Телеком)

Екипа на колото: Лукоил
Тренер на колото: Златко Атанасовски (Маркарт)
Голман на колото: Марјан Цветковски (Лукоил)
Гол на колото: Петре Даиловски – Матрикс (во дуелот со Сава Осигурување)