Осврт на шеснаесеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Осврт на шеснаесеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Макпетрол со сигурна игра до убедлива победа над ЕВН
Динамично прво полувреме одиграа екипите на ЕВН и Макпетрол, воведните минути од ова полувреме и двете екипи ги одиграа доста претпазливо одмерувајќи ги силите. Како одминуваше времето екипата на Макпетрол го засили темпото на игра и се префрли на противничко поле вршејчи силен притисок кон голот на ЕВН што и донесе погодоци во 8та и 10та минута за водство од 0-2. Екипата на ЕВН со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок, тие создадоа неколку шанси за погодок но не реализираа што екипата на Макпетрол успеа да го казни па на полувреме се замина со резултат 0-3. Во второто полувреме екипата на ЕВН фрли се на една карта и тргна во целосна офанзиа но таквата отворена игра скапо ги чинеше бидејќи екипата на Макпетрол преку контра напади од минута во минута го зголемуваше водствто за конечна победа од 1-11.
Стрелци на головите беа:
ЕВН: Томи Илиевски 38’
Макпетрол: Мишо Ѓорѓиоски 8’ 33’ 39’ 40’ Марко Костенцовски 19’ Никола Секуловски 10’ 28’ 29’ 32’ Христијан Мицевски 37’ 38’

ЈСП преку Фидановски до победа над Фабрика Карпош – ГИМ
Одличен старт на екипата на ЈСП во дуелот против Фабрика Карпош – ГИМ, екипата на ЈСП успеа да го отвори резултатот со погодокот на својот голман уште во првата минута од натпреварот. По оваа негатива екипата на Фабрика Карпош – ГИМ започна со пресинг по целиот терен со цел да дојде до израмнување но екипата на ЈСП успеа да казни во 8та минута со погодокот на Фидановски и водство од 2-0. До крајот на полувремето екипата на ЈСП имаше повеќе од играта па на полувреме замина со предност од 3-0. На стартот на второто полувреме екипата на Фабрика Карпош успеа да постигне погодок и да ја намали негативата од паузата, овој погодок и даде дополнителен мотив да тргне поагресивно кон голот на ЈСП, но екипата на ЈСП успеа да одолее на овој притисок на екипата на Фабрика Карпош а со рутинирана игра од минута во минута да го зголемува водството за висока победа од 9-2.
Стрелци на головите беа:
ЈСП: Даниел Антовски 31’ 34’ Тихо ФИдановски 8’ 17’ 25’ 33’ 33’ Гоце Крстевски 1’ Сашо Георгиев 40’
Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 23’ 38’

Гранит со тимска игра дојде до победа над ТАВ
Интересно прво полувреме одиграа екипите на ТАВ и Гранит, екипата на Гранит имаше одличне старт со погодокот на својот голман Димитровски во првата минута. По оваа негатива екипата на ТАВ успеа да створи две шанси за израмнување но не успеа да израмни, па голманот на Гранит со уште еден ефектен погодок во 8та минута успеа да казни за водство на својата екипа од 0-2. До крајот на полувремето екипата на Гранит имаше повеќе од играта па на полувреме заслужено замина со предност од 0-3. Во второто полувреме екипата на ТАВ со сите сили се обидуваше да ја најде својата игра и да ја намали високата негатива од полувремето но екипата на Гранит со одлично поставена игра во фаза на напад и одбрана не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 0-5
Стрелци на головите беа:
Гранит: Дарко Петров 16’ Ненад Антовски 29’ Александар Димитровски 1’ 11’ 27’

Еуро Табак со перфектна завршница до победа над ФК на глуви Слобода
Одличен старт за екипата на Еуро Табак во дуелот со ФК на глуви Слобода, тие уште на самиот старт наметнаа високо темпо на игра што им донесе погодоци во првата и 5та минута за водство од 0-2. По оваа негатива секипата на Слобода започна со поагресивна игра и тргна по израмнување, тие до крајот на полувремето успеаа да постигнат погодок во 17та минута и да намалат на 1-2 а во последната минута успеаа да дојдат и до израмнување на 2-2. Во второто полувреме се продолжи со игра во висок ритам каде и двете екипи се закануваа кон противничкиот гол но изостануваа погодоците. Се до последните неколку миути од натпреварот кога екипата на Еуро Табак со три одлични контри успеа да осигура победа со резултат од 2-5.
Стрелци на головите беа:
ФК на глуви Слобода: Сатула Алими 17’ Јасин Алими 20’
Еуро Табак: Мартин Ливрински 1’ 39’ 40’

WP Data Tables

Во динамичен натпревар Џонсон Мети славеа над Сава Осигурвање
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Џонсон Мети и Сава Осигурување, првата фаза од полувремето и припадна на екипата на Џонсон Мети која со погодоци во 2та и 7та минута се стекна со водство од 2-0. Екипата на Сава Осигурување со сите сили се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот што делумно им успеа во последната минута од полувремето со погодокот на Марковски за 2-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра во кој екипата на Сава Осигурвање вршеше притисок и го “бркаше” резултатот, но екипата на Џонсон Мети со одлично поставена игра во одбрана не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со резултат од 4-2
Стрелци на головите беа:
Џонсон Мети: Бојан Дејановски 7’ 35’ Благојче Божиновски 31’ Бране Стојановски 2’
Сава Осигурување: Јовица Марковски 20’ Коста Глигуровски 37’
А1 со одлично второ полувреме до сигурна победа над Водовод
Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Водовд и А1, прва до водство дојде екипата на Водовод со погодокот на Ајвази во 3та минута. По оваа негатива екипата на А1 за брзо време успеа да ги консолидира своите редови па во 7та минута успеаа да постигнат погодок за израмнување. Овој погодок и даде дополнителен мотив на екипата на А1 да продолжи со агресивна игра што вроди со плод со погодоци во 14та и 17та минута за водство од 1-3. До крајот на полувремето екипата на Водовод успеа да постигне погодок и да ја намали негативата но сепак екипата на А1 со брза контра повторно се врати на два разлика 2-4 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Водовод успеа да постигне погодок и да се доближи на гол негатива. Сепак екипата на А1 направи неколку промени во својата игра со што го засили темпото што им донесе предност која екипата на Водовод не можеше да ја прати. На крајот екипата на А1 заслужено го доби овој натпревар со со резултат од 3-9.
Стрелци на головите беа:
Водовод: Авни Ајвази 3’ Стефан Лазарески 22’ Сашо Каровчевиќ 18’
А1: Мартин Ангеловски 17’ 36’ Мартин Тодоровски 7’ 20’ 31’ Ненад Богдановиќ 34’ 36’ Мартин Ташкоски 14’ 28’

Ван Хоол во второто полувреме го скрши отпорот на Уни Банка
Офанзивно прво полувреме одиграа екипите на Ван Хоол и Уни Банка и на двете страни акцентот беше ставен во играта на нападот. Прва во водство дојде екипата на Ван Хоол со погодок во 8та минута, следуваше брз одговор на екипата на Уни Банка со погодок во 10та минута за израмнување на 1-1. До крајот на полувремето и двете екипи имаа свои одлични периоди на игра и успеаа да постигнат по еден погодок за резултат од 2-2 на полувреме. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол ја превзеде иницијативата и започна со жесток притисок кон голот на Уни Банка што и донесе предност во 23та минута. Овој погодок и даде мотив на екипата на Ван Хоол да тргне уште поагресивно кон голот на Уни Банка што се одрази на резултатот. Екипата на Уни Банка и покрај сите обиди не успеа да најде против игра за расположената екипа на Ван Хоол која го доби натпреварот со високи 10-4.
Стрелци на головите беа:
Ван Хоол: Антонио Петровски 28’ Даниел Стаменковски 23’ Ненад Саздовски 8’ 40’ Филип Белчовски 16’ 25’ Христијан Павловски 32’ Ненад Атанасов 24’ 36’ Владо Здравков 37’
Уни Банка: Александар Кузинаков 10’ 18’ 27’ 9’

Џојсон Сејфти Системс со одлично второ полувреме до победа над Окта
Прво полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Џојсон Сејфти Системс и Окта, екипата на Окта беше таа која го отвори резултатот во 2та минута а минута подоцна успеаа да го золемат водството на 0-2. Ова беше знак за екипата на Џојсон Сејфти ситесмс да направи некоја промена во својата тактика и со внесување на голман играч тие успеаа да створат вишок во нападот и да дојдат до израмнување на 2-2 во 18та минута. До крајот на полувремето двете екипи имаа по неколку одлични шанси но не успеаа да реалзираат па на паузата се замина со 2-2. Првиот дел од второто полувреме и припадна на екипата на Окта која со погодоци во 27та и 28та минута дојде до водство од 2-4. По оваа негатива екипата на Џојсон Сејфти Системс направи неколку промени во играта и тргна агресивно по израмнување. Следуваше одличне период за екипата на Џојсон Сејфти која до 34та минута успеа да дојде до израмнување а во преостанатиот дел од полувремето да го сврт резултатот во своја полза и да го добе овој натпревар со резултат од 7-4.
Стрелци на головите беа:
Џојсон Сејфти Системс: Нерди Бајрами 32’ 34’ 37’ Марко Димоски 40’ Живко Стојкоски 18’ Бобан Смилевски 9’ 38’
Окта: Драганче Стојановски 2’ 3’ 28’ Драганчо Ѓорѓиевски 27’

WP Data Tables

Лукоил не дозволи изненадување во дуелот со МЕПСО
Одличен старт за екипата на Лукоил во дуелот со МЕПСО тие го отворија резултатот уште во 4та минута што им даде дополнителен мотив и до 5та минута успеаа да направат солидно водство од 0-3. По ова екипата на МЕПСО се префрли на противничка половина и во 6та минута успеа да го намали водството на Лукоил на 1-3. До крајот на полувремето екипата на Лукоил имаше повеќе од играта па на полувремето замина со предност од 2-7. Екипата на МЕПСО со сите сили се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но екипата на Лукоил со одлично поставена игра во фаза на напад и одбрана рутинирано го приведе овој натпревар во своја полза со резултат од 5-8.
Стрелци на головите беа:
МЕПСО: Ѓоко Јанакиевски 6’ 27’ борис Трајковски 12’ 31’ Александар Боцевски 32’
Лукоил: Дејан Зиков 5’ 19’ Мартин Алаѓозовски 4’ Лоренцо Николовски 4’ 7’ 32’ Анѓелчо Арсов 15’ Антонио Фенов 17’

Во неизвесна завршница ЕЛЕМ подобри од Аптив
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Аптив и ЕЛЕМ, првиот дел од полувремето помина во мирен ритам во кој и двете екипи ги одмеруваа силите. Како одминуваше времето се засили темпото на игра двете екипи започнаа со офанзивен фудбал што донесе и голови, прва во водство дојде екипата на ЕЛЕМ со погодок во 14та минута следуваше брз одговор на екипата на Аптив со погодок во 15та минута и израмнување на 1-1. ДО крајот на полувремето двете екипи постигнаа по еден погодок па на полувреме се замина со 2-2. На стартот на второто полувреме екипата на ЕЛЕМ успеа да постигне погдок и да го превземе водството, по оваа негатива екипата на Аптив тргна поагресивно во нападот по израмнување што им успеа во 28та минута за 3-3. До крајот на натпреварот екипата на ЕЛЕМ успеа да реалзира и да го добие овој натпревар со 4-5.
Стрелци на головите беа:
Аптив: Александар Марковски 15’ 18’ Кире Стаматовски 28’ 35’
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 22’ Петар Василевски 14’ 20’ 35’ Влатко Петровски 38’

Матрикс во последните минути од натпреварот ја осигура победата над Телеком
Првиот дел од првото полувреме во дуелот помеѓу Македонски Телеком и Матрикс двете екипи го поминаа со одмерување на силите. Како одминуваше времето екипите го подигнуваа темпото на игра се до 10та минута кога екипата на Телеком преку Лазаревски успеа да го отвори резултатотна 1-0. За кратко време следуваше одговор од екипата на Матрикс која преку Даиловски во 13та минута успеаа да го израмнат резултатот на 1-1. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични периоди на игра и постигнаа по еден гол па на паузата се замина со резултат од 2-2. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра двете екипи со брзи контри и шутови од далечина се обидуваа да го изненадат протиникот. Во 27та минута екипата на Матрикс искористи грешка во одбраната на Телеком и преку Цветковски дојде до водство од 2-3. По ова Телеком ја имаше улогата на екипа која го брка резултатот, но сепак екипата на Матрикс ги затвори пристапите до својот гол а преку контра напад во последната минута од натпреварот успеа да ја осигура победата со резултат од 2-4.
Стрелци на головите беа:
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 10’ 15’
Матрикс: Петре Даиловски 13’ Тони Брњарчевски 15’ Дарко Цветковски 27′ Мирко Богески 40′

Рамстор со тимска игра до победа над Пекабеско
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Пекабеско и Рамстор, уште од самиот старт на натпреварот екипата Рамстор притисна кон голот на Пекабеско. Ваквата офанзивна игра на Рамстор ја искористи Пекабеско и преку контра напад во 9та минута го отвори резултатот на 1-0. По ова екипата на Рамстор направи неколку промени во играчкиот кадар и во 11та минута успеа да го израмни резултатот на 1-1. До крајот на полувремето екипата на Рамстор притискаше кон голот на Пекабеско и успеа да реализира во 18та минута за 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Рамстор го подигна нивото на игра и со одлични погодоци успеа да го зголеми водството 1-4 до 32та минута. Екипата на Пекабеско по ова се префли на противничка половина бракајќи резултат но подзаборави на одбраната што рамстор го искористи за сигурна победа од 2-6 во овој дуел.
Стрелци на головите беа:
Пекабеско: Ѓоре Бочваров 9’ Никола Миновски 36’
Рамстор: Енис Мурселов 18’ Енгин Мемеди 35’ Ибрахим Бекир 32’ Хурјет Шаќири 29’ Кадир Јахија 11’ 35’

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Тихо Фиданоски (ЈСП) 5 гола
– Никола Секуловски (Макпетрол) 4 гола
– Лоренцо Николовски (Лукоил) 3 гола
– Петар Василевски (ЕЛЕМ) 3 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Нерди Бајрами (Џојсон Сејфти Системс), Кадир Јахија (Рамстор), Михајло Лазаревски (Телеком), Кире Стаматовски (Аптив), Дејан Зиков (Лукоил), Драганче Стојановски (Окта), Мишо Ѓорѓиевски (Макпетрол), Александар Кузинаков (Уни Банка), Мартин Тодоровски (А1), Мартин Ливрински (Еуро Табак)

Екипа на колото: ЕЛЕМ
Тренер на колото: Илчо Филиповски (Макпетрол)
Голман на колото: Александар Димитровски (Гранит)