Рамстор со голман играч до победа над ФК на глуви Слобода

ФК на глуви Слобода 2-3(1-0) Рамстор

ФК на глуви Слобода: Јасин Алими 12’ Ибо Шакири 36’
Рамстор: Енгин Мемеди 32’ Ведат Арслан 40’ Фуркан Муртезан 31

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ФК на глуви Слобода и Рамстор, уште на самиот старт екипата на Слобода ја превзеде иницијативата и напдна кон голот на Рамстор. Таквата игра им донесе предност во 12та минута од натпреварот. По оваа негатива екипата на Рамстор се префрли на противничко поле и вршеше предност со цел да дојде до израмнување, но екипата на Слобода одлично ја постави одбраната не дозволи изненадување и на полувреме се змаина со 1-0. Во второто полувреме екипата на Рамстор фрли се на една карта и тргна во целосна офанзива што им донесе резултатво 30та минута со голот на Муртезан за израмнување на 1-1. Веќе следната минута со голот на Мемеди успеаа да направат целосен резултатски пресврт, екипата на Слобода успеа да одговори во 36та минута за повторно израмнување на 2-2. До крајот на натпреварот екипата на Рамстор со голман играч створи вишок во нападот и успеа да постигне погодок за победа од 2-3. За одбележување на овој натпревар е и одбранетиот пенал на Мурселов.