Сава Осигурување во второто полувреме до победа над Гранит

Гранит 3-6(3-3) Сава Осигурување

Гранит:  Сашо Каровски 13’ Пепи Мицев 5’ 18’

Сава Осигурување: Данило Поповски 5’ Јовица Марковски 20’ Коста Глигуровски 28’ 39’ Данило Апостоловски 6’ Андреј Китановски 40’

Динамично прво полувреме ни приредија екипите на Гранит и Сава Осигурување, прва до водство дојде екипата на Сава Осигурување во 5та минута со одличниот погодок на Поповски. Веќе во наредната акција екипата на Гранит преку Мицев усппеа да дојде до израмнување од 1-1, а екипата на Сава Осигурување веднаш потоа повторно го врати водството со погодокот на Апостоловски. По ова екипата на Гранит започна со жесток притисок кон голот на Сава Осигурување што им донесе до 18та минута водство од 3-2, сепак во последната минута екипата на Сава Осигурување со голот на Марковски успеа да дојде до израмнување од 3-3 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување ја превзеде иницијативата и создаде неколку шанси за погодок па успеа да реализира во 28та минута зе водство од 3-4. По оваа негатива екипата на Гранит беше приморана да се префрли на противничко поле со цел да дојде до израмнување. Во тквата отворена игра остави простор во одбраната што го искористи екипата на Сава Осигурување која го доби овој натпревар со 3-6.